Амбасатата на Франција и Францускиот институт во Скопје имаат чест да ве поканат на дебата насловена како „Климатските промени, реалност и во Македонија“, што ќе се одржи в среда 1 јули 2015 година, со почеток во 19 часот, во просториите на Францускиот институт.Настанот се организира во пресрет на 21-та Светска конференција по повод климатските промени што ќе се одржи во Париз кон крајот на оваа година, и претставува една од активностите со домашните медиуми со цел да се зголеми нивото на информираност на граѓаните на оваа тема.
Во рамките на овие активности, в среда 1 јули 2015 во Скопје пристигнува Г-дин Ив Лерс, дологодишен уредник на рубриката за животна средина во Ажанс Франс Прес, поранешен Директор за комуникација во француската Агенција за животна средина, денес консултант за прашања за животната средина и новинар во https://www.neo-planete.com и https://www.journaldelenergie.com/.
Тој, во присуство на претставници од повеќе здруженија и институции, ќе дискутира на погоренаведената тематика и за тоа каква е улогата на граѓаните, како да делуваат за заедничко добро против глобалното затоплување.
Модератор на дебатата ќе биде Г-дин Бертран Мије, француски советник за европска интеграција при Владата на РМ.
За настанот е предвиден консекутивен превод.Настанот се организира во пресрет на 21-та Светска конференција по повод климатските промени што ќе се одржи во Париз кон крајот на оваа година, и