Во сабота /03.12.2016 година/ во 10:30 часот во Јавна Соба/Public Room (улица 50-та Дивизија, бр. 22) ќе биде отворена манифестацијата „Скопски автобуски хакатон“, во чии рамки ќе се одржи и дебата на тема „Сподели возило“, која се реализира во рамки на проектот SocialCar.Целта на оваа дебата е мотивирање на јавноста повеќе да го користи јавниот транспорт и да споделуваат возило за секојдневните патување во Скопје. Во рамки на дебатата учесниците на „Скопски автобуски хакатон“ да изработат иновативно софтверско решение или алатка која ќе одговори на едноставно но сепак круцијално прашање: Што може да го поттикне граѓанинот да го остави сопственото возило дома и да избере јавен транспорт или да дели возило со друг патник?
Град Скопје, кој е партнер во истражувачкиот и иновациски проект SocialCar, финансиран од програмата HORIZONT 2020, работи на вклучување на мерката за споделување возила (carpooling) во постоечките системи за јавен превоз, со помош на софтвери за планирање и интеграција на базите на податоци од јавниот превоз, споделувањето возила (carpooling) и активирањето на граѓаните преку друштвените мрежи (crowdsourcing). Проектот SocialCar и јавниот транспорт се ефективни и имаат поголемо влијание кога голем број на патници ги користат, затоа, цел на оваа тема е, да добиеме софтверско решение кое влијае на промена на менталитетот и однесувањето на луѓето во поглед на оставање на своето возило дома и користење на јавен транспорт, на организиран превоз на повеќе патници со едно возило, или пак најдобро, комбинирање на јавниот транспорт и организирано споделување на возило.
„Скопски автобуски хакатон“ е организиран во партнерство со Фондот за иновации и технолошки развој, Градот Скопје, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Факултетот за информатички науки и копјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ), Техничкиот факултет во Битола, Технолошки Парк (SEEUTechPark), Факултетот за информатика од Штип и Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола.
Во рамки на „Скопски автобуски хакатон“ ЈСП распиша јавен повик до заинтересирани за изработка на иновативно софтверско решение во насока на зголемување на задоволството од користење на јавниот градски транспорт во Скопје, преку оптимизација на бројот на патници во автобусите на линиите 2, 5, 19, 22 и 57.
Хакатонот ќе трае 24 часа и ќе започне на 3 декември 2016 година (сабота) во 10:30 часот, додека победниците на натпреварот ќе бидат соопштени во недела (04.12.2016 година) во 11 часот, во Јавна соба/Public Room (улица 50-та Дивизија, бр. 22).Целта на оваа дебата е мотивирање на јавноста повеќе да го користи јавниот транспорт и да споделуваат возило за секојдневните патување во