Реконструирано е детското игралиште кое се наоѓа помеѓу улиците „Христо Татарчев“ и „Козјак“ во населбата Кисела Вода.На оваа локација се поставени нови и современи реквизити за детска игра кои во децата ќе ја пробудат креативноста, фантазијата, ќе им ја подобрат концентрацијата, истовремено поттикнувајќи ги на дружење со врсниците.
Новиот детски комплекс е составен од пирамида за искачување, клацкалки, лулашки, коњчиња на федер. Поставена е и заштитна гумена подлога.
Просторот е надополнет со урбана опрема – канти за отпадоци и клупи, заграден е и ќе биде соодветно осветлен. На обновата на детските реквизити работеше фирмата „Урбано“.
Општина Кисела Вода за ова ново детско катче, од својот буџет издвои околу 800 000 денари.
На оваа локација се поставени нови и современи реквизити за детска игра кои во децата ќе ја пробудат креативноста, фантазијата, ќе им ја подобрат к