Дечко и девојка планирале масакр за Денот на вљубените!

Канадската полиција го спречи планот на двајца млади луѓе, кои сакале да отворат оган врз случајни минувачи во Халифакс, во Нова Шкотска – исток од Канада, за Денот на вљубените.Масакрот бил планиран за денес, а требало да го изведат 19-годишен Канаѓанец и 23-годишна Американка, кои планирале потоа да извршат самоубиство.
Сѐ почнало во четвртокот, кога полицијата прими дојава за „сериозна закана“, соопшти Канадската кралска жандармерија, додавајќи дека тие брзо дејствувале за да ја отстранат заканата. Младата Американка од Женева и момчето од Тимберли, приградска населба на западот на Халифакс „планирале да извршат масакр на градските улици и потоа да се самоубијат“.
Во текот на истрагата, полицијата го лоцирала Канаѓанецот во петок вечерта, каде што бил пронајден мртов.
Никој не знае што точно се случило, додека Американката била фатена во бегство кон аероромот и била во друштво на дваесетгодишен маж.
За ситуацијата да биде уште побизарна, во петокот сабајлето бил уапсен 17-годишен тинејџер за кој се смета дека бил вклучен во планирањето на масакрот.
„Не би рекол дека тоа е тероризам“, веднаш реагирал заменикот на началникот на полицијата во Нова Шкотска, Брајан Бренан, со цел да ги смири жителите.
Тоа се всушност „група поединци кои биле во иста состојба на духот, сакајќи да постигнат одвратен чин, а потоа да се убијат“, додал на конференцијата за медиумите.
„Мислиме дека ги приведовме сите поединци кои се вмешани во овој случај и дека заканата е неутрализирана“, заклучи канадската полиција, која во истрагата соработуваше со полицијата од Илионис.
Полицијата ги повика Канаѓаните да бидат внимателни и веднаш да пријават доколку видат или слушнат нешто сомнително.Масакрот бил планиран за денес, а требало да го изведат 19-годишен Канаѓанец и 23-годишна Американка, кои планирале потоа да извршат самоубиство.

Пронајдете не на следниве мрежи: