Четворица наоружани крадци маскирани во Дедо Мразовци ограбиле златара во Тирана, на Бадник. Тие украле накит во вредност од 410.000 долари, објавиле локалните медиуми.Инцидентот се случил на 24 декември во трговскиот центар „Тирана ист Гејт“, во кој крадците облечени како дедо-мразовци успеале да го поминат обезбедувањето иако биле наоружани со два калашникови, пренесувааат светските медиуми.
Снимките на безбедносната камера покажале дека крадците по влегувањето во златарата им се заканиле на вработените со оружје и потоа украле голема количина на златни ланчиња, алки, прстени, кои ги ставиле во две големи торби.
Само, две минути покасно, побегнале и влегле во возилото во кое ги чекал нивниот соучесник.
Покасно, тој автомобил бил пронајден запален, а крадците побегнале без да остават никаква трага. Албанската полиција работи на осветлувањето на оваа кражба, во која за среќа никој не е повреден, наведуваат медиумите.
Инцидентот се случил на 24 декември во трговскиот центар „Тирана ист Гејт“, во кој крадците облечени како дедо-мразовци успеале д