Deep Purple одговорија на ставовите на поранешниот претседател на Русија за Украина – Медведев

Рок бендот одлучи да му го врати автограмот на Дмитриј Медведев

Deep Purple, омилениот рок бенд на Дмитриј Медведев, одлучи да му го врати автограмот на поранешниот руски претседател „во знак на протест поради неговите изјави за инвазијата“.

Како одговор на руската офанзива во Украина, легендарниот англиски бенд објави соопштение со наслов „По правило, Дип Парпл е аполитичен, но во оваа прилика…“, во кој ја осудува „војската на Путин за злосторства на невини мажи, жени и деца во Украина“.

Штотуку му пишав на Дмитри Медведев, поранешен претседател и сега шеф на рускиот Совет за безбедност, враќајќи му го автограмот што ми го даде на вечерата за Дип Парпл во палатата Горки во март 2011 година, во знак на протест поради неговите различни изјави по инвазијата, изјави клавијатуристот на групата Доналд Ајри.

Во март 2011 година, пред концертот на Дип Парпл во Москва, тогашниот претседател Дмитриј Медведев, самопрогласен долгогодишен обожавател на групата, ги покани британските рокери во неговата резиденција Горки. На гостите им рекол дека кога почнал да ги слуша, не можел да замисли дека еден ден ќе седне со нив на иста маса.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.