Дегенериците во Македонија еволуираа во човеколики мајмуни

Тукушто дознав дека човештвото како вид може да еволуира и наназад и дека благодарение на креативноста на посебните научници и политички визионери на четвртиот илјадагодишен рајх и натурализираната американска менгелеевска истражувачка школа, со разноразни вкрстувања, тоа веќе дегенерирало во разни појавни форми. Ете, веќе се идентификувани интелектуални идиоти, експертски џуџиња, кретеноидни политиканти, естаблишмент моронерија и, замислете си само, ГМО „шипл“-следбеници. Во оваа категорија спаѓаат примероците што уште веруваат дека САД се демократска држава, а ЕУ клуб на „сериозни цивилизирани држави“. Kај нас, благодарение на неписмената интелектуална заедница и нивната „елитистичка“ симболика, за луѓе овци се прогласени токму луѓето што жилаво се противат некој штрапан нов Менгеле да ги претвори во стока. Ебаго!Што да се прави кога дегениве заради неграмотност, никогаш не научиле да читаат компас, а ни да гледаат на саат. Што само говори дека Македонија и во овој колосален процес на раѓање на новиот свет и новите вредности, ќе влезе како уникатна ретроградна ендемија. Па, така, по сиот труд на дарвинистите низ долга и турбулентна еволуција од мајмуни да н` пресоздадат во луѓе, некои, ете, по американска либерална промисла, доброволно, ем гордо ќе транзитираат обратно, во човеколики мајмуни. Некои де. Оти веќе ги има и такви што би отишле и чекор подалеку во дегенерацијата. Претпочитаат да станат мекотели-влекачи. Глисти. Знаете веќе како е со идентитетот. Право е на самочувство, самопрепознавање.
Така вели и „сатиричарот“ Џон Оливер, кој баш неодамна зема да расправа за неприкосновеното право на секој човек да се самопрепознава, да има свој идентитет. Тој додуша говореше за трансполовите идентитети кои претпочитаат согласно со своите внатрешни самодоживувања да мочаат во женски, односно машки клозет без оглед на полот со кој се означени анатомски. Мислеше веројатно и на оние од СДСМ-соросоидната „шипл“-заедница, кои, како она подмлаткарче кое во една дебата за идентитетот на новинарско прашање дали за да се запише на „Харвард“ би си го сменил името и кое би го избрал за своја нова идентификација – Ханс или Мухамед – примероков отпука дека се самопрепознава како Ханс.
На американизираниот Англичанец Оливер не би му паднало на памет дека неговата земја води кретенска политика идентитетот да им го смени на цели народи со закана дека нема да ги пушти да мочаат ни во кенеф ни во природа. Што не спаѓа во темите за сатира на секој комендијант-сатиричар. Ни таму ни кај нас. Обратно е. Оние што ги плаќа Америка во Македонија како свои измеќари си земаат право да го мрцварат ментално здравото мнозинско население, да му се закануваат, да го загрозуваат.
Затоа ич не се изненадив кога го прочитав мајмуноликиот „транссписис“ дегенерик засега самоидентификуван како Аца Поповиќ, инаку соросоид по генетска граѓа, и ментален исплувок на елитната српска „дртина“ Весна Пешиќ, како со цел свој мајмунски ум бара сеопфатна акција за истребување на руралните Македонци што го загадувале неговиот мајмунски универзум. Бре, копито непрокопсано! Бре, лајпрдо кретеноидна! За разлика од офуцаната бројлерка, која заговара одземање на правото на глас на сите рурални Срби со навршени 60 години, нејзиниот ученик оди милја подалеку. Авангарда!
Нашиов трансџендер, павијан по самочувство, бара на сите нормални луѓе со функционален мозок и неспорен човечки идентитет да им се одземе правото да одлучуваат непосредно и изворно за своите животи. Ќе не класифицирал во граѓани и прост народ. Он, разбира се, се занесува дека е граѓанин. Јас па мислев дека само Заев е ексклузивно црпнат од нива моноспитовска, а тоа, види мајката, излезе дека овие американизирани куртончиња биле сериски произведувани во елитистичките пленумски септички јами во Скопје. Бејли и останатите агентури требало само да ги ожнеат и да ги стават во функција. И така батиња! Западниов Балкан, лулка на големи цивилизации, откако Америка зеде да го пацифизира и цивилизира, експресно стана живеалиште за секаков хуманоиден шљам.
Едно само не ми е јасно. Од каде му текна на дегенов дека баш тој е елитен граѓанин? Kој го евалуирал. Дај да видиме тоа сертификатот! Убедена сум дека ако му направат тест за интелигенција, ќе се најде во средината помеѓу кретен и идиот. Kој воопшто го евалуирал за да се самодоживува како супремат? Па со ваков дегенски светоглед тој во стратификацијата на човештвото спаѓа во категоријата сифилистична дркотина. Ако не заврши во лудница, мора да заврши во затвор пред да добие шанса да стане полнокрвен фашист. На овој транссписис примерок, како и сите останати од неговата мајмунолика заедница, мора да им се одземат сите граѓански права. Kаква Kатица Јанева, бе! Kакво СЈО на дегенерици дизајнирани од Вашингтон! Фашисти, расисти, нацисти и суптрематисти се требат како опасни вируси во рана фаза. Со закон, воспитување и образование.
Значи, многу се радувам што естаблишментот на САД секој ден с` повеќе и на големо покажува дека влегол во дегенерирачка фаза од каде што не може повеќе да се скурдепса. Историската оставина со која оваа администрација си заминува е фрапантно сатирична и гротескна.
Ете, баш додека траеше последниот самит на НАТО во Варшава, чешкиот првостепен суд го осуди на три години затвор за тежок хулиганизам оној чешки ветеран кој во знак на протест си го покажа задникот пред оклопно возило на НАТО. Никој во Европа ни крикна ни викна. Што се подразбира оти Чехов не е млада Украинка која со голи цицки во име на Вашингтон протестира и пред црква и пред државна институција. Не е ни „пуси рајот“ лезбиска групировка, па цел Запад да се крене на нозе да ја брани од судски пресуди и затворски казни. Друга е дефиницијата за тежок вандализам кога во знак на протест ќе се покаже машки задник, па уште и војнички.
Видете ја само разликата на американските мирни протести по повеќекратните убиства од страна на полицијата и нашава шарена револуција со мирни и кротки ексклузивно тренирани куртон-револуционери! Полицијава ги здроби од мавање и апсење по принципот „кој ќе ти дојде под рака“. Е, сега, видете ги нашиве шипл-вандали што се прават пред полицијава и врз неа и згора ја прогласуваат за диктаторска. Па уште се жалат јавно дека некои им ги загрозувале животите со тоа што им се заканувале по телефон!
Чекај бе, Геровски! Нели си револуционер? Револуционерот од мигот кога крева револуција се збогува со животот. А ти ем си револуционер со право на годишен одмор кој го користиш додека револуцијата ти трае ем уште ни прсте во лонгета немаш ставено како Бузле, а веќе пиштиш и бараш чадорот да те заштити. Нема мирни револуции ако се вистински, прдежу пропагандистички. Ѓоа писмен си и начитан. Џиџи-миџи, шарените перформанси во кои учествуваш од хоби секои две години за да си станеш важен и угледен во сопствени очи не се тоа. Биди малку маж кога веќе си дошол во светот на луѓето со такви обележја. Стегни си го бабулето и биди благодарен што луѓето си го дренираат гневот кон тебе вербално по телефон. Мисли му ја во слободно време што полошо може да те снајде ако некој Ирачанец се сети дека извесен новинарски „корифеј“ од Балканот со радост објавуваше дека рамо до рамо со Американците тргнал и тој во инвазија на државата Ирак.
Гордата завојувачко-пљачкашка војна заврши како најголем злостор против човештвото изведен по Втората светска војна. Уште се мислиш за човек кој заслужува мирен живот!? Не чувствуваш одговорност оти директно не си убил еден Ирачанец. Е, па јалнаш си! Нема заборав, нема мир и спокојство за таквите. Што би рекол Смаил-ага Ченгиќ, „а тие коски ме глочкаат, Бог да прости“. И на земја и под земја. Или да го оставиме него оти бил рурален, па да го земеме „цивилизираниот“ Магбет и жената му која го охрабруваше во злосторите. Нема начин, нема вода и сапун кои ќе ја операт пролеаната крв влезена под кожата на злосторникот.
 
Мирка Велиновска за ДневникШто да се прави кога дегениве заради неграмотност, никогаш не научиле да читаат компас, а ни да гледаат на саат. Што само говори дека Македонија и

Пронајдете не на следниве мрежи: