Дејан Блажевски интересен за многу клубови – Ријека пројавува сериозен интерес

Хрватскиот фудбалски тим Ријека се вклучи во обид да го ангажира Дејан Блажевски, фудбалерот на Хоризонт Турново.Дејан Блажевски имаше и повеќе од успешна сезона во Хоризонт Турново, каде во домашниот шампионат блескаше во дресот на овој тим и беше еден од најзаслужните што тимот на Турново стигна до второто место во домашниот шампионат, а беше на чекор и на титулата.
Од друга страна, Блажевски имаше фантастичен настап во Лига Европа, каде го предводеше својот тим до второто квалификациско коло со три постигнати погодоци и две асистенции.
„Понуди има, но Блажевски ќе замине таму каде што ќе му бидат исполнети неговите, но и условите на Турново. Нашиот фудбалер по прикажаното на четирите средби во квалификациите од Лига Европа стана интересен за повеќе клубови“ изјави претседателот на Хоризонт Турново, Орце Тодоров за „Дневник“.
Што се однесува до хрватскиот тим, тој по три кола во домашниот шампионат се наоѓа на 4-тото место со освоени 5 бода, една победа и две ремија. Последното реми (1-1), тимот на Ријека го забележа токму против тимот на Хајдук од Сплит на гостински терен, да потсетиме дека Турновци загубија со 2-1 на „Пољуд“.
Во нападот хрватскиот тим има сериозна конкуренција од тројца одлични напаѓачи, двајцата се во вредност од над еден милион евра, додека пак третиот е со вредност околу 700 000 евра на трансфер пазарот (според “трансфермаркет“).
Инаку, бугарските медиуми веќе на големо пренесуваат дека Дејан Блажевски наскоро би можел да стане играч на Локомотив од Софија, но од овој тим, наводно бирале помеѓу играчот на Турново, и играчот на Тетекс, Филип Петковски.Дејан Блажевски имаше и повеќе од успешна сезона во Хоризонт Турново, каде во домашниот шампионат блескаше во дресот н

Пронајдете не на следниве мрежи: