Делата на Желев ќе останат запишани во македонската историја

Како што е веќе познато, првиот демократски избран претседател на нашиот источен сосед, Република Бугарија, д-р Жељу Желев денес почина на својата 79 годишна возраст.Роден на 3-ти март, 1935-тата година во селото Веселиново (Шумен), Желев средното образование го завршил во својот роден крај (Шумен), додека пак дипломира на Филозофија во универзитетот во Софија, при „Св. Климент Охридски“.
Жељу Желев има освоено голем број на академски и државни награди, ние ќе ги издвоиме орденот „Стара Планина“ во Бугарија, инаку највисокото државно одличје на Бугарија, а секако, за нас македонците она што е најинтересно е тоа што Желев поради своите лобирања за Македонија, поради својата голема пријателска наклонетост кон нашата земја, на што сведочат голем број успешни приказни (лобирања и слично) беше награден од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, со орденот „8 Септември“, во 2010-тата година, инаку највисокото одликување на Република Македонија.
 
Одликување на д-р Желев со Орденот „8 Септември“

 
Ѓорѓе Иванов: Македонија никогаш нема да ја заборави улогата на Желев
 
Претседателот на Република Македонија, г-динот Ѓорѓе Иванов испрати писмо со сочувство до неговиот бугарски колега, Росен Плевнелиев, граѓаните на Република Бугарија а воедно и семејството на починатиот Жељу Желев.
„Република Македонија никогаш нема да ја заборави неговата улога во процесот на меѓународното признавање под нејзиното уставно име. Ние остануваме благодарни за неговиот личен придонес во воспоставувањето, развојот и зацврстувањето на односите, меѓусебното почитување и разбирање меѓу нашите две држави и народи. Ќе остане запаметена и неговата улога во трансформирањето на целиот балкански регион, постигнувањето на стабилност и безбедност, како и за неговата евроатланска иднина“ се потенцира во писмото со сочувство од претседателот Иванов.
Република Бугарија прва ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име, тоа се случи на 15-ти јануари, 1992-рата година, додека пак сево ова се случи за време на претседателствувањето на Жељу Желев со Бугарија (1990-1997).
 
Пристоен и чесен човек
Д-р Жељу Желев беше пристоен и чесен човек, чии политички визионерски способности беа на мерило на перфектност, секогаш засновани на морална основа, со смирен тон, за пријателство и соживот на Балканот.
Првиот демократски избран претседател на Република Бугарија беше исклучен од Комунистичката Партија во 1964-тата година, додека пак во 1981-вата година ја објави монографијата „Фашизмот“, во која ги анализира механизмите на тоталитарното општество. Оваа книга беше забранета од страна на комунистичките власти а набргу потоа беше наредено истата и да се отстрани.
Екскомунистичката бугарска Социјалистичка партија победува на првите слободни парламентарни избори во Република Бугарија на 10-ти јуни, 1990-тата година, СДС на Желев влегува како втора најголема партија во парламентот, додека пак Желев е избран за претседател на државата, со што се отвори патот на нашиот источен сосед кон демократија, пазарната економија а воедно и Европа.
 
Признавањето на Македонија од страна на Русија и Турција – успешно лоби на Желев
Големиот пријател на нашата земја не се штедеше во однос на своите агитирања, односно лобирања за Македонија. Познато е дека Желев ја заврши успешно приказната со Турција, каде лобираше кај тогашниот премиер на таа земја, Сулејман Демирел, кој откако ги ислушал аргументите на Желев, ветил дека за една недела турската влада ќе ја признае Република Македонија, што се оствари.
„При една од заедничките прошетки во резиденцијата „Бојана“ му реков на рускиот претседател дека сé уште не го гледам декретот со кој се признава Македонија. Јелцин се сепна и му викна на министерот за надворешни работи Андреј Козирев и му нареди да го напише указот. Се сеќавам дека во тој момент Козирев започна да „крши прсти“ објаснувајќи дека Грците многу ќе им се налутат за овој чин. Јелцин отсече: „мене Грците не ме интересираат, бугарската позиција е правилна, затоа напиши го декретот“. Козирев речиси беспомошно додаде дека тоа е невозможно од технички причини, бидејќи печатот останал во авионот на аеродромот. Јелцин од своја страна соопшти дека на прес-конференцијата ќе зборува прв и ќе започне со веста дека денеска Руската Федерација ја признава Македонија за самостојна држава. Тој исто така рече дека 10 минути по полетувањето на авионот преку радиото за врски ќе му соопштат на Желев дека Руската Федерација ја признава независна Македонија. И навистина точно 10 минути по полетувањето на авионот дојде пораката дека декретот е потпишан на 3 август 1992 година“ се потсетуваше Желев.
 
Не се штедеше во изјавите за политиките на Атина кон Скопје
Неговата пријателска политика кон Македонија немаше граници, а Желев е познат по тоа што воопшто не се штедеше во однос на критиките кон Атина, за нејзината политика кон Скопје.
„Нелогично и скандалозно е еден сосед да определува име на друга земја во соседството. Цивилизациска придобивка и право на еден народ е да си го определи името на нацијата и на својата држава“ рече Желев кој притоа подвлекуваше дека политиката на Атина кон Скопје е срамна и неприфатлива, постојано говорејќи дека оваа земја мора да добие простор за прогрес во ЕУ и НАТО.

 
Испрати јасна порака и во Бугарија:
„Прогресот на Македонија е обврска на Бугарија“
Д-р Жељу Желев испрати и јасна порака на јавната дискусија на темата „Улогата на граѓанско-експертскиот потенцијал во надворешната политика на Бугарија во контекс на ‘Црвениот картон’ на Софија кон Скопје за преговорите со ЕУ“.
„Сите ние треба да го поддржиме стремежот на Македонија за полноправно членство во ЕУ и НАТО“ беше јасен и концизен Желев, притоа додавајќи.
„Не треба да го пресекуваме патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Секако, таа мора да ги задоволи сите критериуми и услови кои важат и за другите балкански земји кои веќе станаа полноправни членки на ЕУ и НАТО. Евроатлантската интеграција треба да биде политика на сите нас за обединување на балканските земји. Тоа е апсолутно неопходно “
Меѓудругото, Желев остро реагираше кон Грција, каде на истата дискусија спорот за името „Македонија“ го спореди со тоа што некој би го оспорил името „Грција“, затоа што во историјата на земјата таа не се викала само Грција, туку и Византија и Елада.
 
… Почивај во мир, пријателу на Македонија.
Душко ПостоловРоден на 3-ти март, 1935-тата година во селото Веселиново (Шумен), Желев средното образование го завршил во својот роден крај (Шумен), додека пак д

Пронајдете не на следниве мрежи: