По повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври – Денот на Македонската Револуционерна Борба, во Ресен делегации на Општина Ресен и ОК ВМРО ДПМНЕ положија свежо цвеќе на Споменикот на Револуцијата на градскиот плоштад Цар Самоил.Исто така, во склоп на одбележувањето на 123 годишнината од формирањето на Македонската Револуционерна Организација , се одржа и краток историски час во Спомен Куќата на Татарчеви во Ресен , на кој беше потенцирана улогата на првиот Претседател на Македонската Револуционерна Организација д-р Христо Татарчев, во чија чест е изградена Спомен куќат , која на ранг на музеј функционера од минатата година.
Користејќи ја оваа прилика Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски го истакна значејњето на овој празник за македонската држава и притоа истакна дека славењето на денешниот ден е всушност истакнување на достојна почит на сите борци низ македонската историја кои своите животи ги втемелиле во нашата слобода и независност.
Новопоставениот Кординатор на ОК ВМРО ДПМНЕ во Ресен г-дин Јован Тозиевски пак полагајќи свежо цвеќе на Споменикот на Револуцијата истакна дека овие светли денови на нашата историја треба да ја имаат функцијата на обединувачки фактор кај сите македонци и дека во исто време треба да се основ за градење на силна и просперитетна држава.Исто така, во склоп на одбележувањето на 123 годишнината од формирањето на Македонската Револуционерна Организација , се одржа и краток историски ч