петок, 13 ноември 2026
Најново

Делегации на Општина Ресен и ОК ВМРО ДПМНЕ положија свежо цвеќе по повод Денот на Македонската Револуционерна Борба

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври – Денот на Македонската Револуционерна Борба, во Ресен  делегации на Општина Ресен и ОК ВМРО ДПМНЕ положија свежо цвеќе на Споменикот на Револуцијата на градскиот плоштад Цар Самоил.Исто така, во склоп на одбележувањето на 123 годишнината од формирањето на Македонската Револуционерна Организација , се одржа и краток историски час во Спомен Куќата на Татарчеви во Ресен , на кој беше потенцирана улогата на првиот Претседател на Македонската Револуционерна Организација д-р Христо Татарчев, во чија чест е изградена Спомен куќат , која  на ранг на музеј функционера од минатата година.
Користејќи ја оваа прилика Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски го истакна значејњето на овој празник за македонската држава  и притоа истакна дека славењето на денешниот ден е всушност истакнување на достојна почит на сите борци низ македонската историја кои своите животи ги втемелиле во нашата слобода и независност.
Новопоставениот Кординатор на ОК ВМРО ДПМНЕ во Ресен г-дин Јован Тозиевски пак полагајќи свежо цвеќе на Споменикот на Револуцијата истакна дека овие светли денови на нашата историја треба да ја имаат функцијата на обединувачки фактор кај сите македонци и дека во исто време треба да се основ за градење на силна и просперитетна држава.Исто така, во склоп на одбележувањето на 123 годишнината од формирањето на Македонската Револуционерна Организација , се одржа и краток историски ч

Поврзани вести