Делегација на Град Скопје, составена од Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, во чест на големиот македонски државен празник 8.Септември, денеска /08.09.2016 година/ положија цвеќиња пред споменикот „Паднати херои за Македонија“, во паркот „Жена борец“.Пред споменикот „Паднати херои за Македонија“ цвеќе положија и делегации на Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија, кабинетот на Претседателот на Република Македонија, делегации од политички партии, општини, дипломатскиот кор и граѓански здруженија.
Оваа година се одбележуваат јубилејни 25 години од прогласувањето на независност на Република Македонија, по одржувањето на референдум каде убедливо мнозинство од граѓаните се изјаснија за прогласување на независност и самостојност.Пред споменикот „Паднати херои за Македонија“ цвеќе положија и делегации на Собранието на Република Македонија, Владата на Ре