Како и секоја година делегација на Општина Прилеп присуствуваше на традиционално „Ашуре“ во н.м. Канатларци на покана на Бекташиската Верска Заедница, во текето „Дикмем Баба“.„Синоќа ги заколивме курбаните И денеска дадовме ручек за сите верници што дојдоа тука. Ова ние го нарекуваме „жална слава“. Пред 1439 години фамилијата на светиот Мухамед станале маченици во Ирак и од тогаш ние до денес го славиме овој ден. И господ да даде радост и среќа и за многу години да е денешниот ден“, вели Абедим Текишаноски, Баба.
Според дел пак од верувањата и традицијата за овој ручек – ашуре, стара со векови, потекнувала од денот кога бродот на пророкот Ное и неговите верници се спасувале од потопот. Откако бродот пристигнува на брегот, останата храна во бродот се собира и се прави еден оброк. Тој оброк се нарекува ашуре. Ашурето се нарекува и јадење на љубовта и хуманоста. Се споделува со комшиите, пријателите и роднините. По примерот на ашурето каде што дванаеесет производи се спојуваат во една смеса, така и муслиманите, христијаните и сите други верници треба да се собираат и да живеат во заедничка хармонија.
Општина Прилеп им посака на жителите на Канатларци и понатаму добро здравје и негување на традиционалните вредности нагласувајќи дека соживотот и заедничката соработка со турското население преставува вистински пример за меѓуетничко уважување и почит.„Синоќа ги заколивме курбаните И денеска дадовме ручек за сите верници што дојдоа тука. Ова ние го нарекуваме „жална слава&ld