Делегација на Собранието на меѓупарламентарна конференција во ЕП во Брисел

Во организација на Директоратот за општи и надворешни политики на Европската унија, односно Одделението за активности пред пристапувањето, денеска и утре во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија ќе се одржи Меѓу-парламентарна конференција на тема: „Интеракцијата меѓу политичките групи, партиите и Владата во процесот на пристапување во ЕУ”.Како што соопшти собраниската прес-служба, од Собранието на Република Македонија на овој настан ќе учествуваат пратениците Сашо Василевски, Лидија Димова, Талат Џафери и Имер Алиу.
На конференцијата, ќе се дискутира за политичките партии во парламентот, во контекст на улогата на мнозинството и опозицијата и искуствата на конструктивна опозиција, улогата на политичките семејства во партиската динамика, парламентарната контрола врз владата и поддршката на владата, транспарентноста и одговорноста, парламентарниот кодекс на однесување и интересите на групите и лобистите, како и за поврзување на парламентарците со граѓаните, социјалните движења и демократските средства.
Состанокот ќе биде отворен од страна на претседателот на Партијата на европски социјалисти во Европскиот парламент, Сергеј Станишев, а предвидено е учество на европратениците Тања Фајон, потпретседател на Групата на Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи во ЕП, Габи Цимер, претседател на Европската обединетата левица – зелена нордиска левица во ЕП, Мортен Месершмид, потпретседател на Европските конзервативци и реформисти во ЕП, Кнут Флекенштајн, потпретседател на Групата на Прогресивна алијанса на социјалисти и демократи. На форумот ќе учествуваат и Данута Хубнер и Барбара Спинели, соодветно претседател и потпретседател на Комисијата за уставни прашања во ЕП и Едуард Кукан, претседател на работната група за Западен Балкан на Комитетот за надворешни работи на ЕП.
Дел од конференцијата ќе бидат и претставници од националните парламенти на земјите од Западен Балкан и Турција, со цел да се споделат регионалните искуства и видувањата за идните предизвици во овој домен.Како што соопшти собраниската прес-служба, од Собранието на Република Македонија на овој настан ќе учествуваат пратениците Сашо Василевски, Лидија

Пронајдете не на следниве мрежи: