Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата Никола Груевски денеска и утре ќе престојува во посета на германската покраина Баварија.Заедно со лидерот Груевски во Баварија се и вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски и пратениците и членови на извршниот комитет Александар Николовски и Влатко Ѓорчев. Тие ќе имаат средби со политички и претставници на бизнис заедницата на Баварија.
Попладнево делегацијата на ВМРО – ДПМНЕ ќе има средба со баварскиот премиер Хорст Зехофер, кој е и лидер на Христијанско Социјалната Унија на Бавароја (ЦСУ) инаку сестринска партија на ЦДУ на германската канцеларка Ангела Меркел.
На средбата се очекува да се зборува за можностите за засилување на економска и политичка соработка со Баварија која што е најбогата германска покраина.
Во текот на утрешниот ден делегацијата на ВМРО – ДПМНЕ ќе се сретне и со екс премиерот на Баварија и екс лидер на ЦСУ Едмунд Штојбер, како и со извршниот директор на Индустриската и трговска комора на Минхен и Горна Баварија, Петер Дрисен.
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ во септември во Берлин оствари раборни средби со триесетина високи претставници на различни германски партии, институции и бизнис секторот.Заедно со лидерот Груевски во Баварија се и вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски и пратениците и членови на извршниот комит