Делфини спасуваат фока

Делфините се едни од најинтелигентните животни на целата планета. Тие се паметни и дружељубиви по природа. Тие користат ултразвучен хидролокатор за да пронајдат храна и способни се за создавање на силни врски едни со други.
Групата делфини спасиле  мала фока и ја насочиле да плива во спротивна насока од брегот, а група канадски научници го снимиле овој мал потфат.
Бебето фока речиси го загубило својот живот откако запливало во близина на бреговите на Шарк Ајленд (Островот на Ајкулите) во Австралија.
„Пријателското“ однесување на делфините било забележано во неколку наврати во минатото и тие се познати по, како што велат научниците, „мистериозниот алтруизам кон другите животни“, па дури и кон луѓето
И во 2008 година женка делфин спасила два кита, успевајќи од брегот да ги врати во морето,додека пак во 2007 сурферот Тед Ендрис го нападнале ајкули, а делфините оформиле прстен во водата и го чувале додека не стигнала помошта.
Погледнето го видеото од спасувањето на малата фока.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Делфините се едни од најинтелигентните животни на целата планета. Тие се паметни и дружељубиви по природа. Тие користат ултразвучен хидролокатор за

Пронајдете не на следниве мрежи: