Во прилог ви го пренесуваме демантот на Саша Богдановиќ, директор на ЈП Паркинзи на општина Центар, во врска со објавите за вчерашните демонстрации во неколку медиуми.„Ве известувам дека по вчерашните демонстрации во неколку провладини портали беше неправедно спомнато моето име, каде бев наклеветен дека сум бил приведуван за „дивеење“ и за управување со навивачките групи на Работнички, со цел да бидат успешни демонстрациите.
Прво, сакам да ја демантирам изјавата дека сум бил приведен за „дивеење“ – ниту јас, ниту полицијата не знаеше да ми објасни зошто бев приведен. За тоа што се случи на натпреварот помеѓу КК Работнички и МЗТ-Скопје на 01.05.2015 година е доставена „Претставка за примена на полициски овластувања“ до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за Внатрешни Работи.
Сакам да изјавам дека јас сум и ќе бидам навивач на КК Работнички. Навивачката група на КК Работнички не е фирма со која може да се управува и води и во никој случај не сум принудувал луѓе да присуствуваат на протести и демонстрации“.„Ве известувам дека по вчерашните демонстрации во неколку провладини портали беше неправедно спомнато моето име, каде бев наклеветен дека сум