Демант од градоначалникот Наџински за лагите изнесени од СДСМ. Ви го пренесуваме во целост!Почитувани господа од СДСМ!
Многу милувате и сакате некого да го дискриминирате по било кој основ притоа не сакајќи да ги согледае сите негови резултати кои ги има постигнато, поготово ако се работи како во моментот за функционер кој обавува функција со која се подобруваат условите за живеење во општината.
Во конкректниот случај зборувате за некаков непотизам при вработувење и ангажирање на кадри за работи кои се потребни да бидат извршени за установите и организациите на општина Берово.
Зборувате за градоначалникот на општина Берово за кој сите граѓани па и Вие знаете дека од доаѓањето на оваа функција како градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, работите во секој поглед од општественото живеење драматично се подобрени. Па во демантот ќе морам да кажем дека и вработувањата кои ги спомнувате и зборувате за некаков непотизам се лага зашто и порано, во поранешниот период а и сега немате метод, начин на работа како да го менувате јавното мислење на граѓаните туку лагата ви е најголем адут со кој мислите дека за некој ќе кажете лошо, со што вие ќе бидете добрите.
Господо од СДСМ. Лицето Билјана Каламадевска нема засновано работен однос во установата Д-р Иван Влашки, туку е назначена со решение да ги врши административните работи кои се неопходни заради тоа што уставновата веќе започна да функционира иако вие преку Советот на општина Берово не сакате тоа да се случи со тоа што не изгласавте членови во органите на управување на установата, а од Буџетот на општина Берово ги укинавте средствата со кои беше предвидено непречено работење на установата, па така ако некој е назначен да врши работи за кои вие сметате дека не треба да се извршуваат, немојте лажно да кажувате дека е вработена зашто практично и неможе да биде вработена се додека не се назначат органите на управување на установата.
Тоа и вие го знаете ама неможете да го смените стилот на работење и повторно со лаги и невистини си дозволувате да кажете колку некој работи непотистички, а колку вие сте добри јас нема да кажам туку тоа народот ќе го каже.
Што се однесува до останатите лица спомнати во вашиот текст, морам да Ви кажам дека како и сите други кандидати кои сејавувале на огласите за вработување на овие работни места, овие лица уредно полагале испит за државен службеник, уредно ги обезбедиле сите потребни законски документи за да се јават на огласот, а надлежните комисии и тела ги избрале по основ на најмногу освоени бодови или прворангирани на листата од огласот. Со тоа сакам да кажам дека јас како градоначалник ниту сум имал законска можност, ниту имам надлежност да ги вршам изборите на кандидатите на јавните огласи.
За Ваше знаење господо од СДСМ, оваа надлежност ја има поранешната Агенција за државни службеници, а сега Агенцијата за администрација која при секој оглас формира комисија и во таквата комисија беа номинирани и членови од СДСМ (како Звонко Пекевски – ваш поранешен кандидат за градоначалник, Славчо Муртовски…).
И ако сакате да зборувате за непотизам, зошто во последните денови на преговарање за отпочнување со работа на установата за нега на стари лица “Д-р Иван Влашки“ уценувавте и зборувавте дека додека не се вработат ваши блиски во установата, нема никогаш да изгласате органи на управување и акти на установата?
И за крај, да Ви кажам дека како градоначалник и како функционер кој доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ и политиката која ВМРО-ДПМНЕ ја води во Берово, овозможено е да се вработат над 300 млади кадри во кои се и споменатите, но ниту при едно вработување ниту сум сакал, ниту сум одлучувал кои кандидати треба да бидат изберени зашто секогаш преферирав и апелирав до комисиите изборот да паѓа на најдобрите, најспремните и најсоодветните кандидати. Затоа и го имаме успехот како политичка партија и како општина во последните 7 години, зашто секогаш ги ангажираме најдобрите.Почитувани господа од СДСМ!
Многу милувате и сакате некого да го дискриминирате по било кој основ притоа не сакајќи да ги согледае сите нег