Демант на вест од весникот Слободен Печат: „Груевски не сака да биде премиер, бара амнестија за себе и за Мијалков?!

Очигледно е дека „Слободен печат“, како и сите други медиуми под контрола на СДСМ, секојдневно се мачи да смисли нешто против Никола Груевски, кого нивниот СДСМ заедно со нивната поддршка со валкани методи, не може да го победи цели 11 години во 10 последователни изборни циклуси. 
Вака ќе биде се до следните избори. Ќе се изнаслушаме приказни од секаков карактер, како оваа најнова измислица на „Слободен Печат“ дека Груевски од Заев барал амнестија за него и за Мијалков, а за возврат нудел да не е премиер.
ВМРО-ДПМНЕ им порачува да продолжат на истиот начин како досега. Со обиди за понижување и потценување, со лаги и со манипулации од Фабриките за афери. Со овој ум 11 години се силат меѓу избори и се тешат или караат после избори.
Ќе го видат и Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ после изборите како уште еднаш ја прославуваат најубедливата победа досега и најголемата поддршка од мнозинството граѓани во Република Македонија.
Ова е така затоа што додека тие губат време на креирање манипулации и измислици, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ работат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, решаваат проблеми со кои се соочуваат граѓаните и ги исполнуваат ветувања кои ги дале пред народот.
 
  
Вака ќе биде се до следните избори. Ќе се изнаслушаме приказни од секаков карактер, како оваа најнова измислица на „

Пронајдете не на следниве мрежи: