Демант за „Граѓаните.мк уште една приземна манипулација на СОРОС“

Како реакција на текстот „Граѓаните.мк уште една приземна манипулација на СОРОС“ од страна на ФООМ побаран е јавен демант во врска со содржината на текстот. Во продолжение демантот од ФООМ: 
Фондацијата отворено општество Македонија преку финансирање на проекти во областите образование, хуманитарна помош, слобода на изразување, информатичко општество и подобро социјално живеење придонесува за развој на граѓанското општество и подобрување на животот на многу граѓани  од сите области. 
ФООМ никогаш не застапувала интереси на политички партии, а уште помалку била испостава на политичка партија. ФООМ никогаш не организирала насилни протести, ниту пак повикувала на насилно рушење на Владата. 
За своето финансиско работење ФООМ во согласност со позитивните законски прописи во Р. Македонија , поднесува редовни финансиски извештаи до надлежните државни институции и во истите има детални извештаи за која цел се потрошени средствата до последен денар. 
Целта на постоењето на ФООМ е да ги промовира вредностите на граѓанското опшетство, да ги заштите маргинализираните групи во општествтото, да стимулира општество во кое ќе се промовираат различни мислења, да помогне на социјално ранливите категории, се со цел да придонесе кон потолерантно општество со еднакви можности за сите граѓани независно од нивната, верска етичка политичка или друга припадност. 
Исто така една од целите на ФООМ е да бара отчетност и транспарентност на државните органи кога истите одлучуваат за правата на граѓаните и за начиниот на кој се трошат буџетските средства. Во продолжение демантот од ФООМ: 
Фондацијата отворено општество Македонија преку финансирање на проекти во областите образование, хум

Пронајдете не на следниве мрежи: