…„Следува време на деменција. Нема зошто веќе да го паметиме ни АСНОМ, ни Гоце Делчев, ни изградените болници, школи, судови, театри, повисоки плати и пензии… никој нема да има мотив да се обиде да го повтори тоа. Не терате да урнеме се, и заборавиме. Вклучително и дека, некогаш, сме имале своја нација, своја држава, со своја власт.“На 5 јуни (денот кога ние закажавме избори) во 2004 година на неговиот ранч Бел Ер почина Роналд Реган. Поранешен гувернер на Калифорнија и американски претседател во два мандата, од 1981 до 1989 година.
Долго во политиката бил демократ, но потоа станал републиканец.
Оставил длабок белег зад себе. Извршил промени во економскиот систем на САД создавајќи екстремно богата класа банкари, манипулатори со финансиски фондови, автори на големата финансиска криза која Америка и Европа ја платија со над 1.000 милијарди долари.
Реган е автор на доктрината за силна американска војска која ќе владее со светот, и преку неа САД ќе имаат доминација во политичките и економски интереси. Ја покренал и програмата за вселенски војни, и потпишал закон со кој Советскиот Сојуз и Москва засекогаш ќе бидат непријатели на САД.
Десет месеци по неговиот мандат урнат е Берлинскиот ѕид, по што следува распад на Советскиот Сојуз, хаос во источна Европа, војна во Југославија.
Неговата политика создава лажни невладини организации и синдикати кои ги уриваат државите од внатре, со финансиска и логистичка помош на Вашингтон. Првиот успешен проект е “Солидарност” на Лех Валенса во Полска. Во таа чест подигнат е споменик на Роналд Реган и Папата Јован Павле Втори во Гдањск, Полска.
Неговата политика е создавање лажни лидери во државите кои се уриваат, подржани од фиктивни невладини организации и синдикати кои работат по план од Вашингтон. Лех Валенса во Полска, Михаил Горбачов во Советскиот Сојуз, односно Русија.
И двајцата беа претседатели на своите држави кои беа холивудски славени низ американските медиуми, повикувани на гламурозни приеми. Нормално, за одработеното им се обезбедени пари и место во историјата, па така и двајцата се добитници на Нобелова награда за мир. Лех Валенса во 1983, а Михаил Горбачов во 1990.
Во нивните држави и народи, откако ја одработиле својата задача и мандати, и ги собрале парите и Нобеловите награди, и двајцата се безначајни политички фигури.
Во 1996 на претседателските избори во Русија, по падот на СССР, Михаил Горбачов добил само 1 (еден) отсто од гласовите. Како да е статистичка грешка, а не поранешен советски претседател, руски демократ и добитник на Нобелова награда за мир.
Како достигање на Горбачов, и посебна американска чест за неговиот лик и дело од Американците, во 1997 Горбачов бил лик кој е сниман во реклама за Пиза хат. Бедно.
Во јуни 2004 година Горбачов бил руски претставник на погребот на Роналд Реган.
Да, секоја работа има свои корени и развој. Ова се корените на нашиот филм.
Роналд Реган умрел од Алцхајмерова болест, следена со целосна деменција.
Десет години пред смртта почнал да заборава се. Се што останало зад него, сите студени војни, уривања политички системи, создавање мултимилјардери, глобални медиуми за политичка логистика на САД, лажни невладини организации и синдикати како нов вид на невооружена војна на Вашингтон против суверени влади и држави… ништо од тој белег, таа моќ и авторство во политиката Реган не уживал. Заборавил се.
Деменција.
Тешка болест која и се заканува и на Македонија. Како последица на сите методи кои почнуваат од Роналд Реган, па наваму. Со децении. Видени толку многу пати.
Македонија има своја трага зад себе. Македонија денес прави се таа трага, таа моќ, тие белези на нацијата и луѓето кои ја сочинуваат да биде заборавена. Деменција.
Некој друг Реган сега има свои невладини организации и синдикати кои уриваат се пред себе. Овој пат во Македонија. Свои глобални и регионални медиуми кои на уривањето и актерите на таа деструкција им даваат поддршка и главни улоги. Главни улоги во што? Нормално, слаткоречиво: демократија, слобода, чесност, правен поредок.
Да одиме по ред, збор по збор.
Во што се состои демократија во кој власта не се стекнала на избори.
Дали изборите кои го довеле Груевски на власт биле нелегални, наместени. Не. Легалноста и законитоста на изборите е потврдена и од домашни но, и од странски институции како ОБСЕ , ОДИХР и Европската Унија. Кој се сомнева нека ги погледне извештаите за парламентарните избори во 2014 година. Таму пишува се.
Патем, Груевски има девет изборни победи, и ниту една не му е оспорена.
Дали е демократија криминалци и странци да собираат незаконски прислушувани телефонски разговори, а потоа политичар да ги објавува за да предизвика тензии во јавноста во своја корист. И тоа само разговорите на една политичка страна. Ако е тоа демократија, каде и кога во друга демократска држава се случило. Или таму не снимаат.
Се што СДСМ и фарбарите денес извикуваат по улици и на нивните сајтови и медиуми се само нивни коментари на туѓи монтирани телефонски разговори. Ниту еден документ, ниту сведок или трага нема зад тие извици и пропаганда. Демократски.
Дали е демократски да погазиш глас на убедливо мнозинство граѓани за оваа власт, и власта да ја дадеш на случајни луѓе од редот на соросоидите кои никој не ги познава, никој за нив никогаш и никаде на гласал, а треба да владеат со нас и се наше што имаме.
Слобода. Фарбарите, соросоидите и СДСМ ќе донеле слобода.
Од што ќе не ослободат? Од правото слободно да гласаме. Од слободата на поголеми пензии и плати во однос на нивното владеење. Сега, кога имаме педесет проценти повеќе вработени од времето кога СДСМ беше власт, и времето кога овие сегашниве за класа полоши и од Црвенковски и Бучковски сакаат власт повторно.
Дали е слобода со канти бои да ровариш низ Скопје и да ја фрлаш бојата каде што ќе ти се посака во нагонот за уништување. Да тепаш новинари, кршиш редакции, газиш по полицајци, блокираш улици сред бел ден, да објавуваш туѓи приватни монтирани телефонски разговори за своја забава и туѓо уништување, јавно да навредуваш судии, бизнисмени, работници, студенти, земјоделци, новинари кои не се согласуваат со тебе.
Дали е тоа слобода? Или е отаде слободата.
Јебеш таа слобода во која ти навечер кршиш и фарбаш јавен имот и македонска историја, а сабајлето мајка ти и тетка ти со кофи ги чистат и рибаат твоите слободи.
Мајка ти и тетка ти знаат како тешко се создава, и го чуваат тоа. А ти го фарбаш.
Го офарбавте АСНОМ, Даме Груев, споменици, театри, судови, влади, собранија, медиуми, ги погазивте и префарбавте егејците бегалци… се префарбавте. ОК. Зад вас ќе остане поликолор, и ништо друго. Ни вие, ни вашите лидери од СДСМ зад себе немате ништо, ама баш ништо изградено и создадено. Освем гнев, тепање, инциденти и фарба.
Ги офарбавте спомениците на АСНОМ и на Илинденците. Не чинат. Следува да му подигнете споменик на Ван Хојте, тој од вас направи телевизиски ликови. Трагикомични.
Чесност.
Ова ќе биде сосема кратко. Се додека ве предводи амнестиран лик кој здиплил осум милиони евра и казната, сосе парите нормално, му е простена од неговиот партиски шеф Црвенковски, се дотогаш за повикување на чесност не може да стане збор. Олигарх збогатен на јавна функција кој зборува за социјална правда.
Плус и таа ондулираната што наплаќа пет илјади евра кирија сама од себе.
Викате Груевски е лопов, а тоа е ваш заклучок а не факт. Интерно партиско оговарање од телефонски разговори. А каде се телефонските разговори на Заев, Шекеринска, Фрчковски, Владе Мичин, Шилегов… ги нема. Вашите пари се кај нив, а на вас ви дале лижавче од телефонски разговори да се забавувате, и да ги покривате нив.
Владеење на правото.
Нема владеење на право додека неуставна институција како СЈО севкупниот свој капацитет го користи за прогон на една политичка опција. Нема владеење на право додека странски амбасадори наложуваат на судии што да судат, и кои судии да се распоредуваат на кои предмети. Додека истите наредуваат на медиуми кој да им биде гостин, и што смеат да го прашаат. Нема право додека се гази за да се добие власт без избори.
Нема владеење на право. Ако аболиција е погазување на право, тогаш протестирајте прво против Црвенковски. Тој амнестираше осудени прилепчани за местење избори во корист на СДСМ, тој го аболираше Заев и го заташка ТАТ.
Никого од фарбарите не слушнав што ќе биде со Македонија ако успеат да ја урнат оваа власт, и ја земат власта под себе без победа на избори: што ќе биде со пензиите, со субвенциите, со бесплатното школување, со инвестициите, со невработеноста, со државните грантови за свој бизнис за младите, со грантови за старски домови и градинки, што ќе се гради ако ова не е добро.
Што ќе биде со двојазичноста, промената на името на Македонија и федерализацијата која јавно ја бараат албанските лидери и Заев. Што?! Што со Македонија.
Ова не е игра со боенки. Ова е бутање прст во око на некој кому странци му ги држат врзани рацете и нозете, и не му даваат да се брани. Уживате ли во тој садизам.
После се, ако вашето успее, следува време без одговорност и денови на чувство дека се погазило и урнало се што вреди. А ништо ново не се изградило. Долга, долга пауза.
Следува време на деменција. Нема зошто веќе да го паметиме ни АСНОМ, ни Гоце Делчев, ни изградените болници, школи, судови, театри, повисоки плати и пензии… никој нема да има мотив да се обиде да го повтори тоа. Не терате да урнеме се, и заборавиме. Вклучително и дека, некогаш, сме имале своја нација, своја држава, со своја власт.
Не туркате во деменција.
Пишува Драган Павловиќ-Латас за ВечерНа 5 јуни (денот кога ние закажавме избори) во 2004 година на неговиот ранч Бел Ер почина Роналд Реган. Поранешен гувернер на Калифорнија и америка