Околу 15-тина деловни објeкти што се наоѓаат на делот од „Битолска“ кај маркетот „Ефтинија“, добија нов водоводен приклучок, известуваат од општина Демир Хисар.Долгогодишниот проблем со постојан недостиг на вода заради несоодветната водоводна мрежа што беше изградена кога постоеја само околу 4 – 5 објекти, повеќе не е причина за оправданите негодувања на сопствениците бидејќи, како што велеа, ем им нараснале потребите, ем се зголемил бројот на објектите, а постојниот доводен систем станал тесно грло за да може оптимално да ги задоволи потребите.
Имајќи ги предвид и уважувајќи ги поплаките на сопствениците на дуќаните од овој дел на градот, општината и комуналното претпријатие извршија голем зафат со нов приклучок и ново доводно црево во должина од 120 метри, како и изградба и монтажа на две шахти со соодветни фасонски делови.
– Задоволни сме што решивме еден сериозен градски водоснабдителен проблем, а особено што, благодарение на вонредниот ангажман на нашите работници, целиот зафат го завршивме за еден работен ден, вели директорот на „Комуналец“, Пеце Наловски кој додава дека целиот зафат чини 150 илјади денари, пари што заеднички ги обезбедија градоначалникот на општината Љупчо Блажевски и „Комуналец“.
Со завршувањето на големата реконструкција на градскиот водовод пред две – три години, Демир Хисар е еден од ретките градови без еден милиметар азбест и целосно реконструирана мрежа.Долгогодишниот проблем со постојан недостиг на вода заради несоодветната водоводна мрежа што беше изградена кога постоеја само околу 4 – 5 об