Демирхисарци денеска беа домаќини на факелот на мирот што во рамките на глобалната штафетна Трка на мирот на влезот од градот.Група од 25 момчиња и девојки на возраст од 9 до 13 години, истрчаа патека во должина од над 1 километар, а централната церемонијална прослава се одржа на градскиот плоштад „8. септември“ на која што присуствуваа дечиња од детската градинка како и ученици од скоро сите основни и средното училиште.
Факелот на мирот свечено му беше предаден на претседателот на Советот на Општина Демир Хисар, Ѓоко Василевски кој, покрај другото порача:
– Од Демир Хисар, од најреволуционерното и најмирољубиво место на светот, со овој факел сакаме да испорачаме пожелби, таму каде што сеуште владее омразата, да завладее љубовта, таму каде што владее сомнежот, да донесе доверба, таму кадешто владее очајот, да завладее надежта, таму каде што е мрак, да донесе светлина, таму каде каде што владее жалоста, да донесе радост.
Во уметничката програма, покрај официјалната придружба на факелот на мирот, учествуваа дечињата од градинката, како и ученици од основните училишта „Гоце Делчев“, и „Браќа Миладиновци“ и средното училиште „Крсте Мисирков“.
На крајот од свеченоста, претставниците на организаторот на Трката на мирот, во знак на благодарност и признание за одличната организација и топлиот прием, на Општина Демир Хисар ѝпредадоа специјално признание.
Попладнево Трката на мирот ќе пристигне и престојува во Битола и Ресен.Група од 25 момчиња и девојки на возраст од 9 до 13 години, истрчаа патека во должина од над 1 километар, а централната церемонијална прослава се о