Демонстрантите кои ја демолираа канцеларијата на Иванов седнуваат на обвинителна клупа

На обвинителна клупа денеска ќе седнат двајцата демонстранти кои дивееја и кршеа во Скопје. Се работи за 30-годишните Ф.Н. и Н.А. кои се осомничени за учество во толпа која ќе стори кривично дело.Тие се осомничени за демолирање на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов кај Рекорд во Скопје, и на Министерството за правда.
Ова ќе биде трет обид за почеток на судењето против нив, откако претходните две рочишта беа одложени за да се утврди колкава штета направиле.
Вкупната штета направена со кршењето на Канцеларијата на Иванов и на Министерството за правда е проценета на 880.000 денари.
За потсетување, на протетсите во Скопје беа приведени 13 лица. Двајцата заработија кривична пријава и куќен притвор од осум дена.
Протестите се случија по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на сите политичари и нивни соработници.Тие се осомничени за демолирање на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов кај Рекорд во Скопје, и на Министерството за правда.
Ова ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: