Демонстрантите во Турција ги донесоа првите резултати од протестите

Демонстрантите во Турција по неколку дневното протестирање, конечно успеаа во своите цели и нивните протести ги донесоа првите резултати.
Покрај тоа, сега барањата на демонстрантите се многу поголеми.
Властите на Истанбул се откажаа од изградбата на трговски центар во паркот Гези, но не се откажуваат од целосната реконструкција на паркот и плоштадот Таксим. За приоритетен се смета проект за реставрација на античките касарни, кои се наоѓале на ова место пред 70 години.
Градоначалникот на Истанбул истакнал дека зад идејата стои премиерот Редџеб Таип Ердоган. А самиот Ердоган ги нарекува протестните дејствија „неприфатливи“ и не планира да ги исполни барањата на демонстрантите.
Вчера во јавен говор во јужниот дел на Турција, Ердоган ги повика своите поддржувачи за поддршка и ги именуваше демонстрантите како „вандали“, „анархисти“ и „подлеци кои го навредуваат премиерот и земјата“.

 
Демонстрантите во Турција по неколку дневното протестирање, конечно успеаа во своите цели и нивните протести ги донесо

Пронајдете не на следниве мрежи: