Ден без автомобили во Битола

Во рамките на Европската недела на мобилност и оваа година, во Битола со повеќе активности беше одбележан 22 септември – Европскиот ден без автомобили. Над 300 ученици од основните училишта во општина Битола, наставници, невладини организации, Здруженијата „Биосфера“ и “Битола на точак“, Советот на  млади при општина Битола и Детскиот хор Ѕвончиња при културно едукативниот центар „Имагинариум“ беа дел од денешниот настан, кој годинава се одвива под мотото „Паметен транспорт – силна економија“. 
Возењето велосипед започна од Плоштадот „Магнолија“ до „Црн мост“ по „Булевар 1 ви мај“ и повторно до Плоштад Магнолија. Учесниците на денешниот настан ги поздрави раководителот на секторот за јавни дејности при општина Битола, Снежана Петревска, која им посака на младите ученици се повеќе да бидат дел од спортски активности, а велосипедот да им биде секојдневен придружник.
Овогодинешните активности се во насока на упатување силна порака дека со мудро одбирање на начинот на секојдневен транспорт, го заштедуваме домашниот буџет, го подобруваме нашето здравје, воедно ја заштитуваме животната средина и го намалуваме загадувањето од транспортот. Од Плоштадот „Магнолија“ беа испратени бројни пораки за континуирани физички активности, пешачење, како и замена на возилата со велосипед како средство за пристигнување до работното место, училиштето и слично.
На училиштата учесници на распишаниот ликовен конкурс, Здружението „Биосфера“ им подели благодарници.
Целта на Европската недела на мобилност е да се развие дијалог помеѓу сите засегнати страни за различни аспекти на движење (мобилност), да се предлагаат и тестираат иновативни сообраќајни решенија, нови технологии или мерки за планирање на урбаниот транспорт со што ќе се намали употребата на автомобили и ќе се редуцираат емисиите на штетни гасови во воздухот.
Активностите реализирани во општина Битола, во рамките на Европската недела на мобилност и конкретно на Денот без автомобили, резултираа со повеќе предлози кои со заеднички активности на локалната самоуправа, здруженијата и граѓаните можат да доведат до значителен придонес во заштитата и зачувувањето на животната средина, но пред се и на здравјето на граѓаните.
 
  
Возењето велосипед започна од Плоштадот „Магнолија“ до „Црн мост“ по „Булевар 1 ви мај&ldquo

Пронајдете не на следниве мрежи: