На 23. октомври се празнува Денот на македонската револуционерна борба или Денот на револуционерната борба. Празникот се празнува од 2007 година, кога беше донесен и изгласан новиот закон за државни празници.На 23. октомври 1893 година, во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун, се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода.
Основоположниците биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов,Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев.
Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет. Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.
Заклетвата на ВМРО гласела:
„Се колнеме во името на Бога, верата и честа, дека отсега ќе служиме колку што можеме за слобода на нашата татковина Македонија и Одринско; ќе ги слушаме наредбите на нашите главатари; нема никому да ги кажеме скришните народни работи. Ако не ги слушаме наредбите на нашите главатарии ако некому, свесно или несвесно, кажеме за она што сега го гледаме, што го слушаме и што го работиме да бидеме убиени од браќата со оружјето што сега го целиваме. Амин“.
Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ, резултира со создавање современа самостојна македонска држава.
Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и на националностите кои живееле на оваа територија, за формирање независна држава.
Во политичка смисла, тогаш борбата за автономија значела формирање самостојна држава. Затоа, 23. октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност, што резултирал денеска да имаме сопствена, независна држава.
Овој ден, секој Македонец го слави како ден кога е вкоренета идејата за конечно ослободување на Македонија и втемелување на националниот идентитет. Овој датум генерации пред нас го славеле, денес се присетуваме на храбрите дела на нашите предци, а 23. октомври ќе го слават и идните генерации, зошто тој го претставува коренот на нашата држава…
Нека ни е честит овој голем празник, за многу години!На 23. октомври 1893 година, во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун, се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на