Денес во Македонија се празнува Св. Петка Летна. Поради благодетите и чудата кои ги направила за животот, пред неа денес доаѓаат верници кои се молат за спас од болести и други животни неволји.
За овој празник се вели уште и дека е женски празник, затоа што првенствено го празнуваат жените кои денес не би требало да месат, готват или да работат било какви работи по дома за да не навлечат гнев во куќата. На овој ден не се работи затоа што ако работите ќе ви трнеат рацете цела година.
Младите девојки денес треба да берат цвеќиња и со нив да ја китат целата куќа за во домот да владее слога и мир. Девојките денес облекуваат нови фустанчиња за во текот на целата година да ги следи среќа.
А која е всушност Св. Петка(Параскева) ?
Оваа Параскева (Петка) беше родум од Рим. Родителите и беа христијани, така што од мали нозе ја воспитаа во Христовиот дух. Кога и умреа родителите го раздаде целиот свој имот на бедните и се замонаши.
Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого. Така и стигна до римскиот суд. Неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин. Најпосле, некој кнез Тарасиј и ја отсече главата. Моштите и беа зачувани, а подоцна пренесени во Цариград. Пострада за Христа во вториот век.Поради благодетите и чудата кои ги направила за животот, пред неа денес доаѓаат верници кои се молат за спас од болести и други животни неволји.