Институтот за белодробни заболувања и туберколоза денеска под мотото „Не е предоцна“ ќе го одбележи Светскиот ден на хроничната опструктивна белодробна болест.За таа цел ќе бидат организирани бесплатни превентивни прегледи преку тестови за мерење на функцијата на белите дробови и ќе се делат пропагандни материјали.
Хроничната опструктивна белодробна болест е една од најчестите болести со смртен исход. Се карактеризира со ограничен проток на воздух низ дишните патишта.
Во светот околу 50 милиони лица боледуваат од ХОББ, а секоја година околу три милиони умираат од оваа болест. Според податоците на Светска банка, денес ХОББ е трета водечка причина за смрт во светот, веднаш по срцевиот и мозочниот удар.За таа цел ќе бидат организирани бесплатни превентивни прегледи преку тестови за мерење на функцијата на белите дробови и ќе се делат пропага