Моментумот на Часот на планетата Земја денес ќе ја обиколи целата планета, а ќе биде одбележан и во Македонија. Нашата земја се вклучува во светската волонтерска акција по петти пат, кога во период од еден час од 20:30 до 21:30 часот со симболично исклучувањето на осветлувањето светот ќе испрати силна порака за спас на планетата Земја.На плоштадот Македонија со запалени свеќи ќе се формира бројот 60+ што ќе означува 60-минутно штедење на енергетските ресурси и заштита од климатските промени, а во исто време 150 волонтери ќе се движат со запалени свеќи. Во исто време ќе биде исклучено осветлувањето на Камениот мост, Скопската тврдина (Кале), а во акцијата се вклучуваат и скопските општини Аеродром и Кисела Вода кои ќе го исклучат осветлувањето во големите паркови на нивната територија.
– “Денес Македонија потонува во мрак за Часот на планетата Земја. Ги повикувам сите граѓани да се вклучат во акцијата и да ги исклучат светилките во период од еден час од 20:30 часот, за да докажеме и покажеме дека и Македонија е дел од најголемата светска волонтерска акција. Сите фотографии и видеа од одбележувањето можете да ни ги пратите преку нашата официјална веб страна www.earthhourmk.org, а исто така можете и преку социјалните мрежи со користење на ознаката #EarthHourMK. Македонијо, вклучи се во акција – исклучи ги светилките!“ – изјави Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата во Македонија. Од домашните компании приклучување кон ова движење со одредени активности најавија од ЕВН-Македонија, ВИП и цементарница УСЈЕ. „ВИП ќе ги исклучи светлата во сите работни простори, како и сите светлечки реклами на продажните места ширум земјата и во седиштето на компанијата во Скопје. Кон оваа акција исто така ќе се приклучат и вработените на ВИП и нивните семејства кои во рамките на тој час ќе го дадат својот придонес за планетата Земја“, соопштија од ВИП.
И најголемиот трговски центар во Македонија, Скопје Сити Мол се исклучува за Часот на планетата Земја.
– “Скопје Сити Мол, како компанија е активна во многу полиња каде треба помош и поддршка на општесвено одговорни активности, така и овој пат со големо задоволство ја прифативме иницијативата да се вклучиме во глобалната акција „Исклучете ги Светилките“. Денес од 20:30 до 21:30 Скопје Сити Мол ќе ја исклучи надворешната илуминација и ќе биде редуцирано внатрешното осветлување.“, изјави Дарко Панчевски од Скопје Сити Мол.
Освен Скопје, и останатите градови од земјата ќе го исклучат осветлувањето. Голема акција се најавува во Охрид каде во период од еден час во мрак ќе потонат Самуловите тврдини и комплексот Канео.
Волонтерите од Црвениот Крст на Република Македонија ќе бидат присутни на сите предвидени локации и ќе го одбележат Часот на планетата Земја со симболично осветлување на просториите со свеќи. И Министерството за животна средина и просторно планирање ја поддржува акцијата и испраќа апел за масовна поддршка. Earth Hour Macedonia ќе ги испрати сите фотографии и видеа од одбележувањето на акцијата во Македонија до седиштето на Часот на планетата Земја во Сингапур, од каде ќе бидат објавени за промоција на нашата земја на глобално ниво. За крај, ги покануваме сите граѓани да ни се придружат на главното одбележување на Часот на планетата Земја на плоштад Македонија, каде сите заедно ќе ја испратиме пораката дека нашата моќ е ЗГОЛЕМЕНА, ЗАСИЛЕНА, ГЛОБАЛИЗИРАНА!На плоштадот Македонија со запалени свеќи ќе се формира бројот 60+ што ќе означува 60-минутно штедење на енергетските ресурси и заштита од климатск