На 13 август 1951 година биле убиени петте струмички студенти, убиени биле блиску селото Орманли на планината Беласица, до границата кон Грција. Денес се одбележуваат 64 години од нивната смрт!1951- Кај селото Орманли на планината Беласица, со образложение на тогашната власт дека сакаат да бегаат преку граница, од страна на УДБА, убиени се пет струмички студенти, членови на ВМРО, и тоа: Мирко Пецев, Борис Белев, Стево Топчев, Ѓорѓи Јарамов и Ѓорѓи Костуранов.
Студенти на Универзитетот во Загреб, требало да станат правници, лекари, економисти.Тие биле интелектуална елита на градот. Нивната идеја била слободна, независна Македонија. Вечерта, тие се собрани од игранка во Градскиот парк, однесени се на Беласица, и – егзекутирани.
Нивните мртви тела покриени со шаторски крила, следниот ден биле донесени пред Општинското собрание, од каде во присуство на нивните семејства се погребани, освен Борис Белев кој е закопан во протестантските гробишта, сите биле погребани надвор од гробиштата.
Сите тие потекнувале од угледни градски семејства.
По убиството се прогласени народни непријатели.
Директни сведоштва од фамилиите на стреланите струмички студенти погледнете на видеото:
Притоа, семејствата веднаш по настанот им изградиле споменик од бел мермер во вид на отворена книга на кој пишувало дека се УБИЕНИ.
Набрзо, споменикот е искршен на парчиња, …, и се подигнува нов, бетонски… За на властодршците да не им боде очите и пак да го урнат.
Денес, околу гробот стојат неколку парчиња од првобитниот споменик.Тој настан беше табу тема се до 1991 кога прв пат се одржа парастос за покој на нивните души.
Во 2001 во малиот парк карши Собранието на општина Струмица беше подигнат и споменик кој во својот долен дел е отворена книга од бел мермер на која се запишани нивните имиња.
Таму е поставен со одредена симболика. Оттаму почнува улицата на која сите тие живееле, од која за последен пат излегле заедно.
А убиството на петте струмички студенти има свое место и во Музеј на Вмро и музеј на жртвите на комунистичкиот режим.
Документарец за убиството на петте студенти може да погледнете во продолжение.
Вечна им слава1951- Кај селото Орманли на планината Беласица, со образложение на тогашната власт дека сакаат да бегаат преку граница, од страна на УДБА, убиени с