Денес се одбележуваат 75 години од почетокот на Втората светска војна

61 држава учествуваше во војната во која загинаа околу 50 милиони луѓе. Бројот на жртви од поранешна Југославија се проценува на 1,7 милиони луѓе.Со нападот на нацистичка Германија врз Полска на 1. септември официјално почна Втората светска војна.
61 држава учествуваше во војната во која загинаа околу 50 милиони луѓе. Бројот на жртви од поранешна Југославија се проценува на 1,7 милиони луѓе.
Во тогашниот СССР загинале околу 26,6 милиони луѓе. Материјалната штета во Европа е проценета на 277,7 милијарди долари според цените од 1938 година.
Втората светска војна започнала кога било нападнато местото Вестерплат недалеку од Гдањск, во 4:45 часот наутро.
Истовремено Германија испратила трупи и на Вејулин кој тогаш се наоѓал на гранична зона. На овој датум само на тоа место загинале 2.000 луѓе, а речиси ¾ од инфраструктурата била уништена.
Моментот кој и даде нов тек на Втората светска војна во Европа бил нападот на Германија на СССР кој започнал на 22 јуни 1941 година. Откако претрпеле пораз кај Сталинград во почетокот на февруари 1943 година, започнало повлекувањето на нацистичката германска војска, за конечно во мај 1945 да претрпат конечен пораз.
На Пацификот, нападот на Јапонија на Перл Харбор на Хаваите, на 7 декември 1941 бил одлучувачки момент САД да влезат во војна, кој ќе го донесе поразот на Јапонија и на 2 септември 1945 ќе стави крај на Втората светска војна.Со нападот на нацистичка Германија врз Полска на 1. септември официјално почна Втората светска војна.
61 држава учествуваше во војната во к

Пронајдете не на следниве мрежи: