Многу семејства го сметаат Св. Никола за свој домашен заштитник и со многу внимание го празнуваат неговиот ден. Иако повеќе се празнува денот на неговото упокојување 19 декември попознат како Свети Никола -Зимен, сепак внимание му се посветува и на денот на пренесувањето на моштите на св. Николај од Мир во Бари на 22 мај, празник попознат како Св. Никола – Летен.Свети Никола е роден е во Патара, Ликија, Мала Азија околу 270 година, како единствено дете на неговите родители Теофан и Нина. При неговото крстење го добил името Никола кое во превод значи народен победник. Како дете, со голем восхит пристапувал кон проучувањето на Светото Писмо.
Неговиот духовен живот го стекнал преку неговиот чичко кој исто така бил црковно лице, замонашувајќи се во манастирот Нов Сион. По смртта на своите родители, Никола го продал целиот свој имот и парите од продажбата ги поделил помеѓу сиромасите. Додека бил свештеник во својот роден крај, се прочул со делата на својата милостиња.
Во времето на царот Диоклецијан и Максимијан, кога христијанското население било прогонувано, мачено и затворано, истото му се случило и нему. Со доаѓањето на власт на Константин I Велики, престанало и прогонувањето на христијаните кои во исто време добиле и рамноправно место во Римското Царство. Присуствувал на Првиот вселенски собор во Никеја, каде се залагал за воведувањето на светото тројство. Поради голема ревност го удрил александрискиот свештеник Ариј. По ова, тој бил обвинет за ерес, бил прогонет од самиот собор и му било забрането понатамошно присуство на собирите. Според христијанската традиција на Свети Никола му било одобрено повторно присуство на црковните собири, поради јавувањето на Бог на избраните архиери велејќи им дека сториле голема неправда.
Уште додека бил жив, луѓето го сметале за светител и го повикувале да им помогне на болните, несреќните и немоќните. Христијаните веруваат дека тој помагал на сите повици и дека од неговото лице сјаела светлина. Во својата старост се разболел и починал на 6 декември 343 година.
Култот на Св. Никола е познат од 6 век, а најстарото житие за него потекнува од 9 век. Важел за заштитник на целокупното насление од целиот свет поради што високо го ценеле не само православните, туку и католиците. Од истите причини на овие простори во минатото го почитувале и Турците кои го викале „Неол Баба” (што значи јадар или голем татко).
Инаку, Свети Никола е заштитник на градот Прилеп, согласно одлуката на општина Прилеп.
И Свети Николе на овој ден го прославува својот градски празник.Свети Никола е роден е во Патара, Ликија, Мала Азија околу 270 година, како единствено дете на неговите родители Теоф