Денес во просториите на Секретаријатот за европски прашања се одржа координативен донаторски состанок

Денес во просториите на Секретаријатот за европски прашања се одржа координативен донаторски состанок, во врска со катастрофалните поплави кои се случија изминатиот викенд.Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Арбр Адеми, го водеше состанокот, а свои обраќања имаа и Никола Тодоров, заменик претседател на Владата и министер за здравство,  Кирил Миноски министер за финансии,  Илија Исајловски заменик министер за надворешни работи,  како и Луиза Винтон постојан координатор на ООН и постојан претставник на УНДП како и Мартин Клауке, раководител на сектор за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје.
Вицепремиерот Адеми посочи дека целта на состанокот е да се искористи максимално потенцијалот за финансирање од страна на донаторите со координиран пристап за насочување на помошта и ги истакна првичните дефинирани приоритети за насочување на помошта за реконструкција и поправка на оштетените куќи и други значајни објекти, поправка на инфраструктурата и мерки за понатамошна заштита помош за МСП, и за оштетените фарми и санација на земјоделското земјиште, како и директна помош за институциите за заштита.
Беше надгласано дека во оваа фаза преоценките на штетите се многу индикативни, но се работи на нивно допрецизирање. Адеми информираше и дека е активиран Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, преку кој се направени сателитски снимки на теренот а веќе на терен се и нивни експерти за проценка на првичните потребни за населението.
Вицепремиерот Адеми им се заблагодари на сите донатори за нивната поддршка во минатото и ги повика и останатите меѓународни чинители да дадат свој придонес за да може Македонија да се справи со настанатата состојба.Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Арбр Адеми, го водеше состанокот, а свои обраќања имаа и Нико

Пронајдете не на следниве мрежи: