Денеска, 22 октомври (четврток) во Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака“ – Капиштец (РЦПЛИП) https://poraka.org.mk/?lang=mk, беше отворена специјална училница за креативни и спортски активности, реконструирана со средствата собрани на 5-от DMWC https://www.dmwc.org.mk/ Меѓународен добротворен базар 2015 година.Просторијата во употреба ја пуштија Н.Е. г-дин Ернесто Масимо Белели, амбасадор на Република Италија во Македонија и почесен претседател на DMWC Базарот 2015, г-дин Коце Трајановски, градоначалник на Град Скопје и г-ѓа Емилија Миладинова Аврамчева претседател на “Dobredojde” Macedonia Welcome Center.
– „Нашата заедничка порака денеска е да се подигне свеста за лицата со интелектуална попреченост и да се инвестира во нивната едукација, бидејќи само така тие нема да бидат ранлива и маргинализирана група во нашето општество“ – истакна Миладинова Аврамчева.
– „И покрај дождливото време, мислам дека денеска имаме сонце, бидејќи ја отвораме оваа просторија за лицата кои имаат потреба од вакво место. Благодарност до сите земји чии амбасади учествуваа на базарот во јуни, на сите кои помогнаа да се соберат средставата и секако на градоначалникот Трајановски за неговата поддршка“ – рече амбасадорот Белали.
– „Dobredojde“ Macedonia Welcome Center, најде начин да помогне на Дневниот центар Порака . Градот Скопје и понатаму ќе продолжи да ги помага двата дневни центри, оној во Аеродром и овој во Капиштец за да се овозможат подобри услови во нивното работење и функционирање, како и за подобар и попријатен престој на корисниците – изјави градоначалникот Трајановски.
Раководителот на „Порака“ – Капиштец Виктор Борисов, ја искажа својата благодарнот до сите учесници велејќи дека со ова „Порака“ станува подостојно и попријатно место за престој.Просторијата во употреба ја пуштија Н.Е. г-дин Ернесто Масимо Белели, амбасадор на Република Италија во Македонија и почесен претседател на DMWC Ба