Денеска беше покренато обвинение против убиецот на Тијана Јуриќ

Jавниот обвинител во Суботица денеска покрена обвинение против Драган Ѓуриќ, поради основано сомнение дека извршил силување и тешко убиство врз Тијана Јуриќ од Бајмок, пренесе Танјуг.Како што соопшти Вишиот суд во Суботица, обвинението е поднесено и доставено до обвинетиот и неговиот адвокат.
Обвинетиот и адвокатот имаат осум дена да достават одговор на обвинението, по што следува испитување на обвинителниот акт.
На обвинетиот му е продолжен притворот за 30 дена поради опасност од бегство, опасност од повторување на делото, начинот на кој е извршено делото и тежината на кривичното дело.
Инаку, монструмот кој ја уби Тијана, беше уапсен ноќта меѓу 6 и 7 август минатата година. Тој призна дека го изврши ова кривично дело и ја одведе полицијата до местото каде што ѝ ги закопа телото.
Тијана Јуриќ исчезна на 26 јули 2014 година, по полноќ, во близина на спортскиот центар „Рата“ во Бајмок.Како што соопшти Вишиот суд во Суботица, обвинението е поднесено и доставено до обвинетиот и неговиот адвокат.
Обвинетиот и адвокатот имаат

Пронајдете не на следниве мрежи: