Денеска истекува рокот за поднесување обвиненија од страна на СЈО

Рокот од 18 месеци во кој Специјалното јавно обвинителство можеше да поднесе обвиненија за 34-те предмети кои ги презеде од Јавното обвинителство истекува денеска. Најголемиот дел од овие предмети се однесуваа за изборни нерегуларности. За незаконски прислушуваните материјали преземени од СДС рокот е 30 јуни, пренесува Инфомакс.мкСЈО предметите и материјалите од Јавното обвинителство и од СДС ги презеде на 4 и на 30 декември 2015 година.
Специјалното јавно обвинителство досега неколку пати побара законски измени за продолжување на рокот за поднесување обвиненија. За овие измени на Законот потребно е двотретинско мнозинство, но ставот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е дека предвидениот рок од 18 месеци е веќе договорен и нема зошто да се менува.
Членот 22 од Законот за СЈО, за кој се бара изменување или укинување, гласи: „Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност“.
Постои можност мандатот на Специјалното јавно обвинителство да се продолжи доколку се поднесе иницијатива до Уставниот суд на РМ за оспорување на членот 22 како неуставен, бидејќи со него СЈО е ставено во нерамноправна положба во однос на Јавното обвинителство кое нема рок за поднесување обвиненија.
СЈО досега поднесе две обвиненија и еден обвинителен акт, а отвори истраги за случаите „Таргет“, „Титаник“, „Тортура“, „ТНТ“, „Транспортер„, „Тврдина“, „Тврдина 2“, „Трезор“, „Топлик“, „Тендери“, „Тарифа“, „Тенк“, „Труст“, „Табла“, „Триста“, „Тотал“, „Тифани“, „Траекторија“, „Тревник“, „Талир“.СЈО предметите и материјалите од Јавното обвинителство и од СДС ги презеде на 4 и на 30 декември 2015 година.
Специјалното јавно обвинителс

Пронајдете не на следниве мрежи: