Денеска се навршуваат 30 години од нуклеарната хаварија што се случи во Чернобил.На 26 април 1986 година, во 01:23 часот во Чернобил експлодираше реакторот број 4. Светот станува сведок на најтешката нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото.
Експлозијата распалува оган кој гори во наредните 10 дена.Околу 300 илјади луѓе се принудени да ги напуштат своите домови. Во меѓувреме, Северна Европа е озрачена од радиоактивни материјали.
При експлозијата загинуваат две лица.Но, инцидентот нанесува незамислива тешки штета на луѓето кои се раѓаат денови, месеци, па дури и неколку години подоцна.
Според извештајот на „Гринпис“ од 2006 година, чернобилската катастрофа доведе до над четвртина милион случаи на рак, од кои речиси 100 илјади се покажаа како фатални. Во 2011 година, Сојузот на загрижените научници – невладина организација, претпостави дека бројот на смртни случаи како последица на Чернобил ќе се движи околу 25 илјади – шест пати над прогнозата на ОН. Според Меѓународната агенција за канцерогени истражувања, инцидентот ќе одземе животи на 16 илјади Европејци до 2065 година
Инцидентот во северна Украина е комбинација од дефектен дизајн и оперативна грешка, кои создаваат смртоносен радиоактивен облак. Реакторите на чернобилската Козлодуј се запрени, а подоцна и извадени од употреба. Реакторот број 4 е заграден со нестабилен бетонски кожурец.
Во 2015 година, меѓународни донатори собраа дополнителни 180 милиони евра за да финансираат нов ѕид за заштита од радиоактивните влијанија од нуклеарната централа во Чернобил.На 26 април 1986 година, во 01:23 часот во Чернобил експлодираше реакторот број 4. Светот станува сведок на најтешката нуклеарна катастрофа во исто



