Денешната прес конференција е класична конструкција од страна на СДСМ за дезинформирање и креирање на лажна вистина за водоснабдување на Булачани.

Денешната прес конференција е класична конструкција од страна на СДСМ за дезинформирање и креирање на лажна вистина за водоснабдување на дел од населеното место Булачани.
Булачани се снабдува од два одделни системи за водоснабдување. Со едниот систем управува ЈКП Гази Баба и има регулиран начин на користење на водата со поставени водомери. Вториот систем е изграден пред 40 години со самопридонес и со него управува Месната заедница.
Во текот на вчерашниот ден, по добиените информации од граѓаните на Булачани дека имаат проблем со водоснабдувањето, во соработка со ЈП Водовод и канализација, ангажиравме цистерна со вода која оди двапати во текот на денот за потребите на граѓаните.
 
Истовремено, комуналната инспекција направи увид во резервоарот и водоводната мрежа и констатира дека некој намерно направил отстранување на дел од системот и блокирање на вратата на резервоарот за да нема пристап до него.
Во моментот се работи на отстранување на оштетените вентили и нивна замена, дел од населението веќе добија вода, а во текот на утрешниот ден ќе се оспособи целиот систем за водоснабдување и сите граѓаниќе имаат вода.
Општина Гази Баба ќе поднесе пријава до МВР да се истражи случајот и да се превземат соодветни мерки кон сторителите.
Очигледно е дека мотивот за ваквото вандалско однесување е креирање на лажна вистина со одржување на прес од страна на СДСМ пред чешма без вода, наспроти полн резервоар со вода со оштетени вентили.
Во текот на следната недела , општината ќе продолжи со изградба на водоводната мрежа со што ќе се заокружи водоводниот систем во ова населено место, со претходно изградените 3,5 км.Денешната прес конференција е класична конструкција од страна на СДСМ за дезинформирање и креирање на лажна вистина за водоснабдување на дел од нас

Пронајдете не на следниве мрежи: