ДЕНОВИ НА СВЕТСКАТА КНИЖЕВНОСТ ВО НУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – СКОПЈЕ

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, започнува со организирање серија настани посветени на светската книжевност, во рамки на планираните програмски активности за популаризација на книгата.
Првиот културен настан од серијата „Денови на светската книжевност“ го организираме во соработка со Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и е насловен „Празникот на пролетта во кинеската книжевност“. Осврт за значењето на овој празник и за антологиските поетски творби инспирирани од него ќе има Игор Радев. Настанот ќе се одржи на 24.2.2016 г. (среда) со почеток во 12 часот, воЦентарот за конференции и студии во НУБ „Св. Климент Охридски“.
Најважниот и најдолгиот традиционален празник во Кина е Празникот на пролетта, односно кинеската Нова годинa, којa се одбележува во континуитет веќе 4000 години. Овој семеен празник трае 15 дена и датумите на кои се одбележува се менуваат секоја година согласно лунарниот календар. Оваа година Новата година започна на 8 февруари, а одблежувањето заврши со Празникот на фенерите на 22 февруари. Генерации поети и писатели во своите дела ги имаат опеано и овековечено обичаите, обредите и симболите поврзани со овој празник. Големата полна месечина чиј сјај е засилен од светлината на фенерите на последниот ден на овој празник, е важен мотив во лирските творби на многу значајни кинески поети.        
Сите љубители на пишаниот збор кои ќе присуствуваат на овој настан ќе можат да ги разгледаат и да ги купат книгите од кинеските великани преведени на македонски јазик, објавени во рамки на капиталните издавачки проекти „Превод на дела од автори кои добиле Нобелова награда за литература“ и „Ѕвезди на светската книжевност“.        
Во текот на целата 2016 година во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје континуирано ќе се промовираат и презентираат публикации од македонската тековна и актуелна книжна продукција и од капиталните издавачки проекти, а ќе се организираат и книжевни средби, трибини и придружни манифестации со цел афирмирање и поттикнување на читањето и привлекување читатели од различни генерации.        
Планираните програмски активности се во функција на популаризација на македонската книжевност и на преводите од светската книжевност, на богатата и разновидна издавачка продукција во Република Македонија и на новите публикации, како од афирмирани и етаблирани писатели, така и од млади автори. Библиотеката ќе биде отворена за македонските автори од сите генерации кои имаат објавено книжевни дела со високи естетски вредности, ќе им овозможи промовирање и остварување непосредни средби со љубителите на нивните книжевни дела и со заинтересираните читатели.Првиот културен настан од серијата „Денови на светската книжевност“ го организираме во соработка со Институтот „Конфуци

Пронајдете не на следниве мрежи: