четврток, 12 ноември 2026
Најново

Денови на зелени работни места и еколошко образование

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Младинската еколошка организација „Гоу Грин“ оваа година во рамки на Европската недела на одржлива енергија го организира настанот „Денови на зелени работни места и еколошко образование“.До 2030 година,  во Република Македонија има потенцијал за отворање на 6000 до 50000 зелени работни места во областите на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. За таа цел, настанот е посветен на еколошкото образование, квалификациите и знаењето потребни за вработување во индустрии кои  ќе отворат зелени работни места.
Официјалното отворање на настанот ќе се одржи на 13ти јуни во ЕУ Инфо-центарот со панел дискусија на тема: „Работни места во секторот на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност – дали образовниот систем е подготвен за успешна енергетска транзиција?“. Во наредните два дена, на Машинскиот (14ти јуни) и Економскиот факултет (15ти јуни), компании и невладини организации ќе организираат работилници за вештините и знаењето кои се потребни на еколошкиот пазар на труд. Програмата на Машинскиот факултет е наменета за идни инженери и архитекти, додека на Економскиот факултет за идните економисти и правници.
Компании  и невладини организации кои имаат зелени работни позиции и факултети кои нудат еколошко образование ќе имаат свои инфо – штандови на 13ти и 14ти јуни, каде младите ќе можат повеќе да се запознаат со нивните програми и можни вработувања.
Целата агенда на настанот и формуларот за аплицирање може да ја најдете на следниот линк: се
https://www.facebook.com/events/1759535334316815/До 2030 година,  во Република Македонија има потенцијал за отворање на 6000 до 50000 зелени работни места во областите на енергетска

Поврзани вести