Депардје сака да сними телевизиска серија во Русија

Француската филмска ѕвезда Жерар Депардје кој неодамна доби руско државјанство а од саботата ја доби и официјално постојаната адреса во Саранск во руската република Мордовија, на Улицата на демократијата, изјави дека би сакал да покрене снимање телевизиска серија која ќе се темели на руската книжевност.„Разговарав со (рускиот министер за култура Владимир) Медински за можноста за заедничка работа во Русија. Би сакале да направиме телевизиска серија темелена на руската книжевност во која би биле ангажирани актери од разни земји и ќе се прикажува низ целиот свет“, изјави Жерар Депардје во петокот при посета на прочуениот московски Баљшој театар, пренесува РИА Новости.Од своја страна Медински на Депардје му ја подарил поемата на Сергеј Пушкин „Капетановата ќерка“, преведена на француски, „за да има што да чита на патот до Саранск“, откако претходно актерот изјавил дека за него особено интересен е еден од хероите на руската историја Емилијан Пугачев.„Тој е како третиот цар, селски цар. Оттаму мене и Саранск ми се допаѓа. Тоа е мал и град на Пугачев“, изјавил Депардје.Рускиот министер за култура изразил надеж дека францускиот актер ќе биде вдахновен од животот на големиот Пушкин. „Има еден необичен Пугачев кај Пушкин“, додал Медински.Депардје возвратил дека му е познато оти Пушкин ја напишал историјата за Погачев и ја читал неговата „Историјата на бунтот на Пугачев“.Претходно во јануари годинава, со декрет потпишан од страна на рускиот претседател Владимир Путин, Депардје стана руски државјанин.Актерот одлучи да се пресели, најпрво во белгиско село во близина на француската граница, а потоа и во Русија, поради политичките несогласувања со политиките на социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд, кој имаше намера да воведе данок „за богатите“ од 75 отсто на приходите од над милион евра годишно. Депардје, кој инаку активно учествуваше во кампањата на конзервативниот поранешен француски претседател Николас Саркози, потоа влезе во јавна расправа со премиерот Еирол, кој го обвини актерот дека поради данокот бега од татковината и за непатриотизам.
МакфаксФранцуската филмска ѕвезда Жерар Депардје кој неодамна доби руско државјанство а од саботата ја доби и официјално пост

Пронајдете не на следниве мрежи: