Добро е што постојат рецепти со помош на кои можете да направите фантастичен и вкусен десерт за многу кратко време.За само 20 минути ќе добиете совршена торта со нежен и посебен вкус, а што е најважно нема да морате да „поминете цел живот“ во подготовка на овој десерт. Обидете се нема да се покаете.
Состојки:
250 гр мелени плазма кекси
100 гр путер
400 гр Нутела или Еурокрем по желба
500 гр крем сир
Подготовка:
Соединете го путерот со 1 супена лажица Нутела и добро стопете ма водена пареа. Со оваа мешавина полијте ги мелените кекси. Ставете во фрижидер.
Помешајте го остатокот Нутела со крем сир со помош на миксер.
Добиената смеса исто така оставете ја во фрижидер. Извадете ја од фрижидерот вашата основа за торта. Ставете ја во калап. Добро порамнете ја користејќи чаша. Одозгора ставете ја смесата од крем сир и чоколаден крем, добро распоредувајќи ја по основата. Оставете ја тортата во фрижидер на 20-тина минути да се спои.
Рајскиот десерт е готов. Изгледа одлично а вкусот е навистина неверојатен.
Оваа торта ќе ве спаси ако ви се најават гости.
Добар апетит.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.За само 20 минути ќе добиете совршена торта со нежен и посебен вкус, а што е најважно нема да морате да „поминете цел живот“ во подгото