Ако имате смартфон и љубов кон фотографијата, веројатно телефонот веќе ви е полн со разни фото апликации како Instagram, Adobe Photoshop Express, Snapseed, 500px и уште многу други. Но, намената на овие апликации е повеќе од забавен карактер.Сајтот Light Stalking направи листа на Android апликации кои овозможуваат да го користите телефонот како алатка која може да ви помогне во фотографијата. Повеќето од апликациите се бесплатни, иако дел од нив имаат и про верзии со дополнителни функции.
Photo Tools
Ако има некоја апликација што секој фотограф треба да ја поседува, тогаш тоа дефинитивно е оваа. Photo Tools поврзува повеќе корисни апликации на едно место. Има алатки кои ќе ви помогнат да ја пресметате длабочината на полето во фокус, хиперфокалната дистанца, видното поле на објективот, експозицијата, како и експозицијата на блицот. Со неа може да пресметувате експозиција и според Sunny 16 калкулаторот, како и да одредите кога се синиот и златниот час, или пак да дознаете во која фаза е Месечината.
DoF Calculator
Оваа апликација ви помага лесно да ја пресметате длабочината на полето во фокус за конкретна фокална должина и бленда. Постојат четири различни модови – simple, advanced, reverse, Av. Апликацијата има поддршка за повеќето СЛР и ДСЛР апарати, како и компактни камери од познатите брендови. Исто така, DoF Calculator ви ја кажува и хиперфокалната дистанца што може да биде многу корисно при фотографирањето пејзажи.
DSLR Remote
DSLR Remote овозможува да го користите смартфонот како далечински управувач за вашата ДСЛР камера преку инфраред, кабел или Bluetooth. Навистина е практична за фотографирање од далечина или пак како алатка за фотографирање со тајмер. Исто така може да се користи како интервалометар што е корисно за тајм-лапс фотографирање.
LightMeter Free
Како што сугерира името, оваа апликација овозможува да го користите смартфонот како светломер. Може да мери упадна светлина, но за тоа е потребно да имате сензор за светлина во телефонот, како и рефлектирана светлина која ја мери преку камерата на телефонот. Сепак, апликацијата не е компатибилна со сите смартфони.
Sun Surveyor Lite
Оваа апликација е корисна при барање локации за пејсажна фотографија бидејќи го предвидува и визуализира движењето на сонцето, како и позициите на изгрејсонцето и зајдисонцето. Благодарение на 3D компасот фотографите можат да ја одредат позицијата на Сонцето за одредена локација.
За останатите 5 апликации, погледнете ТУКАСајтот Light Stalking направи листа на Android апликации кои овозможуваат да го користите телефонот како алатка која може да ви помогне во фотограф