Со финансиски средства од Буџетот на Општина Кочани за асфалтирање се подготвени десет улици чија поединечна должина изнесува стотина метри.– За асфалтирање се подготвени улиците во населените места Оризари, Горни Подлог, Долни Подлог, Мојанци и Грдовци во полскиот дел од општината. Паралелно со ова се врши реконструкција на крак од улицата „Маршал Тито“ во село Прибачево каде што постојниот асфалтен слој е отстранет и на негово место ќе биде поставен нов, изјави денеска на прес-конференција Драги Илијевски, раководител на Одделението за уредување на градежно земјиште во општината.
Според Илијевски, наредните денови ќе следи подготовка за асфалтирање на две улици во градот и една во селото Тркање. За реализација на овој градежен зафат ќе бидат инвестирани три милиони и 900 илјади денари, средства обезбедени од Буџетот на општината.– За асфалтирање се подготвени улиците во населените места Оризари, Горни Подлог, Долни Подлог, Мојанци и Грдовци во полскиот дел од општинат