Десетици илјади Грци излегоа во средата на улиците на главниот град Атина протестирајќи против намалувањето на платите и зголемувањето на даноците, во текот на 24-часовниот генерален штрајк поради кој не работат образовните и здравствените институции, пристаништата од што останаа отсечени многуте острови, парализиран е копнениот сообраќај, а досега има помали судири со полицијата.Помали судири меѓу полицијата и претежно млади демонстранти се регистрирани во Атина, во текот на одржувањето на 24-часовен генерален штрајк, соопшти полицијата на грчката престолнина.Група млади луѓе фрлале врз полицијата со камења во близина на централниот плоштад Синтагма во близина на парламентот, на што припадниците на интервентните полициски сили одговориле со солзавец. Засега нема извештаи за повредени и приведени.Биејќи во тапани и скандирајќи „Крадци!“, повеќе од 60 илјади луѓе минале низ поворка крај зградата на грчкиот парламент. Протестите што се одржуваат во средата се најголемите протести против мерките за штедење одржани од почетокот на годинава.Двата најголеми грчки синдиката, синдикатот на работниците во приватниот сектор GSEE и синдикатот на работниците во јавниот сектор ADEDY, го организираа штрајкот во знак на протест против намалувањата на платите и зголемувањето на даноците, политики на владата за кои велат дека само ја влошуваат и онака лошата ситуација на населението соочено со најголемата мирнодопска економска криза во која е западната Грција.Синдикатите кои ги застапуваат 2,5 милиони работници постојано ги организираат штрајковите откако од крајот на 2009 година стана јасно дека за справување со огромната должничка криза ќе мора да се спроведуваат жестоките непопуларни мерки за штедење како услови за добивање на големата меѓународна финансиска помош.„Денешниот штрајк е нов напор да се ослободиме од договорот за помош и оние кои го искористуваат народот и носат само беда. Експлозијата во општеството е многу близу“, изјави за агенцијата Reuters, Илиас Илиопулос, генералниот секретар на вработените во јавниот сектор ADEDY, на собирот кој започна на централниот атински плоштад Атина.
МакфаксДесетици илјади Грци излегоа во средата на улиците на главниот град Атина протестирајќи против намалувањето на платите