Директорот на ЈП Паркинзи на општина Центар, Саша Богдановиќ, деновиве во Србија присуствува на X Национална конференција за паркирање ПАРкон- пролет 2015, која се одржува од 18-20 март 2015 година на Борското езеро во хотелот „ЈЕЗЕРО“.ПАРкон е настан кој од 2009 година ги собира претставниците на општините, јавниот и приватниот сектор кој се занимава со паркирање и услуги и им овозможува на присутните да ги добијат најновите информации за паркинг индустријата, како во Србија, така и во регионот.
Богдановиќ на своето излегување денес зборуваше за повластените карти, на кој начин функционираат паркиралиштата во централното градско подрачје и за важноста на резидентните улици и џебови на локациите со ограничен паркинг простор. Тој, на конференцијата, ја истакна значајноста на организирањето на паркинг местата како прв и најважен услов за функционален паркинг организиран по светски стандарди и, се разбира, брза ефективна услуга и задоволни клиенти.
Настанот е од отворен тип и е единствената тридневна едукативна манифестација чија цел е преку актуелните теми да придонесе кон унапредување на паркинг индустријата.ПАРкон е настан кој од 2009 година ги собира претставниците на општините, јавниот и приватниот сектор кој се занимава со паркирање и услуги и им ов