„ Жените нивни природните потреби ги заменија со противприродни. И мажите, исто така, напуштајќи го природното општење со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг и вршеа срамни работи, мажи со мажи, добивајќи ја заслужената оплата за својата изопаченост. И бидејќи не се обидоа да го задржат Бога во разумот свој, затоа Бог ги предаде на нивниот изопачен ум, да го прават она што не прилега. . .“ (напишано од светиот апостол Павле; Римјаните. 2, 26 – 28)Човекот, и од аспект на вистината за него откриена од самиот Творец, но и од аспект на она што самото човештво го осознало за себе, е крајно сложено битие. Таа сложеност особено се изразува кога ќе биде засегнато она најсуштинското кај секој човек, а тоа е неговиот живот. Без живот, без живото во него, без живата личност нема повеќе човек, има труп или зомби. Затоа, кога ќе биде засегнат неговиот живот, кај секој човек се активира одбранбениот, имунолошкиот систем, разбран и на духовно и на биолошко ниво.
Кај 99% граѓани на Република Македонија веќе подолго време е активиран одбранбениот, имунолошкиот систем, како на свесно, а уште повеќе на потсвесно ниво, со нештата што во нашиот јавен простор ни доаѓаат од ЛГБТИ идеологијата. Значи, намерно пишувам „идеологија“ а не некаков центар, структури или разни невладини организации кои ја подржуваат оваа идеологија.
Да, драги пријатели, се работи за идеологија која преку остварување на таканаречените права на лицата со различна, или поточно кажано разна сексуална ориентација и преку прилагодување на законодавниот систем на Република Македонија, ќе се обиде и во нашето општество да ги релативизира, а потоа и сруши верските и традиционалните вредности кои вековно се покажаа како вистински темел на разбирањето и практикувањето на бракот, семејството, воспитување на децата, половата етика, смислата и вистинската насока за осмислување на постоењето.
Јас како духовен раководител и исповедник имам можност да имам увид и во свесните и потсвесните нивоа на нашите сограѓани. И секогаш кога се отвора оваа тема од нив излегува неизвесност, страв, и разни други артикулирани и неартикулирани емоции. Внимавајте, емоции! Се работи за најсуштинското, се работи за животот, за поколенијата, за опстанокот, за проблемот со совеста која се буни!
Може да наведам и сведоштва на наши сограѓани кои се соочиле со „мекиот“ тоталитаризам на ЛГБТИ идеологијата во некои од западните земји. Тие со длабока внатрешна вознемиреност говорат за развратниот и дрзок однос со кој припадниците и поддржувачите на ЛГБТИ идеологијата се препознаваат во тамошните општества. Драги пријатели, би било неодговорно од моја страна како свештенослужител на Христовата Црква, да не проговорам и за проблемите и искушенијата со кои се соочуваат и нашите сограѓани со различна сексуална ориентација. Како духовен раководител и исповедник, како човек, самиот сум сведок на многу нешта од животот на овие наши сограѓани кои тие ги споделија со мене.
Некои од нив прифаќајќи го христијанскиот духовен живот започна сериозни промени во себе, но, за жал, повеќемина од нив остануваат во нивното секојдневие во кое преку контакт со државните институции би требало да остварат некаков дефиниран статус во нашето општество. Да, државните институции би требало да го отворат овој проблем, за истиот да не се користи од ЛГБТИ идеологијата за остварување на крајно проблематична агенда! Исто така, апелирам на разбирање во однос на различноста.
Нашето општество е секуларно, а во исто време и различно по национален и верски идентитет, па затоа е потребно развивање на разбирање за различноста и потребите на другиот, при што, треба да се внимава од различноста и потребите на некоја, ваква или онаква малцинска заедница, да не се прави идеологија и агресија врз различноста и вредностите на останатите 99% од граѓаните на Р. Македонија.
Кривичните пријави до водителите Јанко Илковски и Миленко Неделковски – за кои лично мислам дека се дел од стратегијата на ЛГБТИ идеологијата да отвори простор за своја пропаганда, но и освојување на поени пред своите финансиери – се интересна можност во нашето македонско општество да се отвори дебата со претставниците на ЛГБТИ идеологијата за да свесниот, а особено потсвесниот притисок и страв кај нашите сограѓани се артикулира и освести, за истиот да не заплива во водите на ирационалното и насилното. Се надевам и верувам дека свесноста и општествената одговорност ќе ја надвладеат несвесноста и општествената неодговорност.
И за крај, со љубов во Христа и за полза на сите, еве самиот се пријавувам како еден од учесниците во таа дебата, а со цел во нашето плурално и демократско македонско општество да се разобличи никулецот на тоталитарното семе од една крајно проблематична идеологија чии деструктивни плодови веќе можат да се видат во многу западни општества!
презвитер м-р Ивица Тодоров
Претседател на Движењето за организирана духовна обнова на Македонија „ДОДОМА“Човекот, и од аспект на вистината за него откриена од самиот Творец, но и од аспект на она што самото човештво го осознало за себе, е крајно сложен