Детален извештај на KPMG: Зошто е добро да се инвестира во Македонија

KPMG е глобална мрежа на професионални фирми кои нудат ревизија, како и даночни и советодавни информации на голем број индустрии, владини и невладини сектори. Оперативни се во 155 држави и имаат повеќе од 174.000 луѓе во нивната работна мрежа.„Invest in Macedonia-2016“ е најновиот извештај на KPMG а се однесува на инвестициските можности во Македонија, поволностите и перспективите при инвестирање, структура како и даночни олеснувања.
Според податоците на Државниот завод за статистика, како што пишува во извештајот, во 2015 година податоците покажуваат невработеност од 26%. Трендот додаваат тие е континуирано намалување на невработеноста. Работната сила во Македонија е високообразована и поседува одлични вештини.
Има шест технолошко индустриските зони, се вели во извештајот. Во ТИРЗ Скопје 1 Бунарџик неколку компании имаат свои инвестиции како што се Џонсон Мети, Кемент Електроникс и Висетон. Во тек се активности за изградба на фабрики од неколку странски инвеститори.
Законите во Македонија на странските легални ентитети, им предвидуваат еднакви права кога станува збор за економски активности во Македонија, освен ако поинаку не е предвидено со закон. Овој принцип нуди широка палета на економски и легални форми кои се користат од страна на инвеститорите.
-Кога станува збор за заштита на инвестициите Република Македонија е дел од 38 билатерални спогодби за Заедничка заштита и привлекување на странски инвестиции. Исто така државата е дел од Конвенцијата за Решавање на инвестициски спорови меѓу државите и државјаните на другите членки, пишува во извештајот.
Република Македонија има рамна даночна стапка од 10% за корпоративни и лични доходи, се додава во извештајот. Инвеститорите можат да го редуцираат данокот на добивка во износот за реинвестирање и ширење на бизнисот во државата.
Целиот извештај можете да го прочитате ТУКА.„Invest in Macedonia-2016“ е најновиот извештај на KPMG а се однесува на инвестициските можности во Македонија, поволностите и перспект

Пронајдете не на следниве мрежи: