Детали за ГРОЗОМОРНИОТ обид за убиство во црквата во Гевгелија

Напаѓачот ја давел и ја тепал жената во олтарот, во најсветото место во црквата. Додека таа го чистела иконостасот, тој и се доближил од зад грб, ја одвлечкал во олтарот и немилосрдно ја давел и ја тепал до бессознание во обид да ја убие домарката во храмот, 64-годишната Загорка Божиновска од Гевгелија. Црквата не била ограбена.По крвавиот инцидент тешкоповредената била однесена во гевгелиската болница, но поради сериозноста на повредите, жената е префрлена во Kлиничкиот центар во Скопје и нејзиниот живот е во опасност. Свештеникот го пријавил случајот во полиција и објаснил како се случил крвавиот инцидент.
Според него, најверојатно кога жената била нападната во црквата немало никој.
– Жената е домарка во црквата. Периодов ја реновираме, а имаме и мајстори. Околу 13 часот мајсторите си заминаа, а половина час подоцна заминав и јас. Околу 16 часот, мајсторите се вратиле во црквата, а јас бев на пат кон црквата. Тогаш ми се јави еден од мајсторите и ми кажа дека Загорка лежи претепана. Јас веднаш заминав во полициската станица и го пријавив случајот, изјавил свештеникот за Дневник.
Тој додал дека насилството се случило во периодот од 13 до 16 часот кога жената останала во црквата и чистела.
– Откако мајсторите заминаа, жената остана да исчисти во црквата. Поради горештините, во тој период од денот нема многу верници кои влегуваат во црквата и жената поради тоа и за да не им пречи во молитвите и додека палат свеќи, го чистела иконостасот пред самиот олтар. Тогаш влегол насилникот, ја грабнал и ја одвлечкал жената во најсветото место, во олтарот, вели свештеникот Миланов.
Глетката кога тој дошол во црквата и ја видел жената била страшна.
– Жената лежеше во крв. Цела просторија беше во крв. И теписонот што беше внатре беше натопен од крвта, на плочките под теписонот имаше крв. Ова е страшно, сите што го видоа тоа останаа згрозени, особено што знаат за колку мирна жена станува збор. Се молиме Загорка да ни оздрави, вели свештеникот.
Неофицијлано, насилникот, кој е во бегство, е од околината на Гевгелија и станува збор за лице со психички проблеми што порано се лекувало во психијатриска болница.
– Напаѓачот во нашата црква дошол и претходно, на двапати го имаме видено. Жената од што е толку фина и добра како и на секој друг кога ќе дојде и ќе му свари кафе, вода ќе го понуди, така и нему. Тој седеше овде, пиеше кафе, одмараше во ладовина, како и сите други луѓе што ја посетуваат црквата. Проблеми во црквата не правел, додава Миланов.
Според полицијата, крвавиот инцидент се случил во периодот од 15 до 15.30 часот. Засега непознато лице без причина ја нападнал З.Б.(64) од Гевгелија. Насилникот со врвка од обувка се обидел да ја удави, но откако не успеал почнал да ја удира со тупаници по главата и лицето. Повредената е пренесена општата болница во Гевгелија, а лекарите констатирале тешки повреди со подливи и крвавење во мозокот. Поради сериозноста на повредите, жената е префрлена во Ургентниот центар во Скопје. Полицијата извршила увид и презема мерки за пронаоѓање и на насилникот.
Обвинителство: Насилникот ја давел со јаже
Според Основното јавно обвинителство – Гевгелија, познат е идентитетот на насилникот кој се обиде да ја убие домарката во црквата „Св Kирил и Методиј“ и засилено се трага по него.
– Сторителот со јаже се обидел да ја задави жената, по што ја нападнал со тупаници нанесувајќи и тешки повреди. Надлежен обвинител од гевгелиското обвинителство изврши увид на местото. Преземени се сите дејствија за прибирање траги и материјали за да се расветли настанот. Во моментов се трага по едно лице кое е осомничено за стореното кривично дело – велат од Основното јавно обвинителство – Гевгелија.По крвавиот инцидент тешкоповредената била однесена во гевгелиската болница, но поради сериозноста на повредите, жената е префрлена во Kлиничкиот ц

Пронајдете не на следниве мрежи: